
Мрачните тајни на сувото овошје

Во последно време здравата храна станува многу популарна, сè повеќе луѓе се обидуваат да се хранат здраво, па така, на полиците на маркетите можеме да видиме разновидни производи кои се етикетирани со придавките „здраво“, „природно“, „100% природно“ итн. Прашањето е: Колку од овие производи се навистина здрави и природни, ако стојат на полиците повеќе месеци, па и години?
Еден таков производ кој нашироко се препорачува како здрав производ е сушеното овошје, кое може да се најде пакувано или во рефус. Во суштина овошјето ако се суши без никакви додатоци и конзерванси или ако тие додатоци се природни како на пример, сок од лимон, тогаш тоа навистина е здрав производ кој е одличен како меѓуоброк или ужина. Меѓутоа, овде се јавува проблемот. Речиси сите кои се достапни на пазарот, било да се пакувани или во рефус се сушат со штетни конзерванси – сулфити. Сулфитите спречуваат губење боја на овошјето и го спречуваат растот на бактерии. Сулфитите кои се користат за оваа намена се: сулфур диоксид (E-220), натриум сулфит (E-221), натриум бисулфит (E-222), натриум метабисулфит (E-223), калиум метабисулфит (E-224), калциум сулфит (E-226) и калциум бисилфут (E-227) и секако дел од нив се дозволени и во производството на органска храна.
Вода - суштински елеменет на животот
„Ако постои магија на оваа планета, таа е содржана во водата“ -Лорин Иселеј
Уште од антички времиња, водата се сметала за свет елемент со божествени карактеристики. Античката цивилизација на Египјаните се поклонувала на Нил, големата река, како на божество бидејќи им значела сè. Секоја година Нил се излевал од своето корито носејќи благосостојба и живот во земјата на Египјаните опколена со тони песок. Годишното излевање им овозможувало да го обработуваат земјиштето и да живеат безбедно. Не помалку значајна била и реката Ганг за Индијците која ја сметале за најсвета река.
Салеп - лековит пијалак со магичен вкус

Орхидеите го фасцинираат човештвото повеќе од 3000 години, не само по нивната естетска убавина туку и со лековитата моќ. Планинските орхидеи од родот на Orchis (Orchis mascula, Orchis militaris) се оние од кои се добива салепот. Овие орхидеи кои се погодни за производство на салеп имаат уникатна структура, коренот има јајцевидна форма и се состои од две луковици. Поголемата луковица го храни цветот, додека помалата е резервна. Идејата за правење на пијалак од ова магично цвеќе припаѓа на Турците, благодарение на нивното религиозно верување. Во осмиот век тие го примаат исламот и според нивното верување не смеат да пијат алкохолни пијалаци. Така дошла идејата за пиење салеп, жешок млечен напиток за загревње во текот на ладните зими.
Здравствени придобивки од зелените сливи

Зелените сливи се сурови плодови од дрвото слива. Тие се богати со витамин Ц и содржат голема количина на растворливи растителни влакна. Секојдневното јадење зелени сливи за време на сезоната ќе помогне во редовно празнење на цревата затоа што помагаат во варењето на храната.
Нутритивна вредност на зелените сливи
Зелените сливи се богати со растителни влакна, витамин Ц, витамин А, витамин К, натриум, калиум, протеини, калциум, магнезиум, фосфор и фитонутриенти.
Тие кога се берат се свежи и кисели на вкус. Многу луѓе ги јадат со малку сол за подобар вкус. Нивната сезона е во пролет и рано лето.
10 најдобри здравствени придобивки на зелените сливи