Some like it raw

  • Нутела
  • Макало со лук
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Шопска салата
  • Зелена убавина
  • Нутела
  • Макало со лук
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Шопска салата
  • Зелена убавина

Микробранова печка - уред на живи мртовци!

Објавено во Сурова вистина.

Микробранова

 

Луѓето, денес , умираат делумно и поради тоа што и понатаму јадат мртви намирници кои се убиени во микробранова печка.
Тие земаат совршено здраво парче сурова храна, богато со витамини и природни лековити материи, а потоа го бомбардираат во микробранова и ја уништуваат неговата хранливост. Луѓето се единствени суштества на планетата кои ја уништуваат хранливата вредност на нивната храна пред јадење.


Сите останати ја конзумираат храната во природна, непреработена состојба, но луѓето всушност заминуваат од тој пат за да нутритивно ја обезвреднат храната пред јадење. Не e ни чудо што се најмалку здрави цицачи на планетата.
Во Русија, микробрановите печки се забранети уште од 1976 година поради негативните здравствени последици како што покажале многу студии кои се спроведени за нивната употреба.
Забраната е укината по Престројката во раните 90-ти години. Можат да се најдат бројни документи кои се однесуваат на оваа тема.
Изумот микробранова печка и нејзиното масовно усвојување од страна на населението се поклопува со почетокот на дебелината во развиените земји ширум светот. Не само што микробрановата станала погодна за конзумација на храната која ја поттикнува дебелината, туку таа уништува и многу корисни состојки во тие намирници оставајќи ги корисниците во состојба на потхранета прејаденост.
Со други зборови, луѓето денес јадат премногу калории, но храната не е доволно богата со нутриенти. Резултатот е, секако, она на што сме сведоци денес: епидемија на дијабетес, рак, болести на срце, депресија, оштетување на бубрезите, нарушување на црниот дроб и уште многу други.
Овие болести се последица од комбинација на потхранетост и изложеноста на отровни хемикалии (плус други причинители како што се емоционалните трауми, недостаток на вежби итн.).
Микробрановите овозможуваат потхранетост речиси автоматски и изложеноста на отровните хемикалии лесно се постигнува, само треба да се јаде обработена микробранова храна ( се мисли општо на производите со додаток на токсични хемикалии кои дејствуваат како конзерванси, бои, засилувачите на вкус и сл.).
Микробрановата, технички, е вид на храна која се добива со зрачење. Мислам дека е интересно што луѓето кои велат дека никогаш не би јаделе „озрачена“ храна не се колебаат кога е во прашење микробрановата храна. Тоа е иста работа (само различна бранова должина на зрачење). Всушност, микробрановите зраци изворно се наречени „радар зраци“. Звучи чудно денес, зар не? Но, кога за прв пат се воведени микробрановите во 1970 година, гордо биле рекламирани како радар зраци.
Вие ја бомбардирате храната со високо интензитетен радар и таа се загрева. Тоа, во 1970 година, е видено како некое космичко чудо. Можеби, некој ден изумителот ќе создаде уред за загревање на храната која не ја менува радикално нејзината хранлива вредност, но да не се надеваме премногу. Веројатно, најдобриот начин за загревање на храната сега е едноставно користење на шпорет држејќи ја топлината што е можно пониска.
Патем, микробрановата не работи на оној начин како што се рекламира. Но, механизмот со кој се создава топлина предизвикува внатрешно оштетување на осетливите молекуларни структури на витамините и фитонутриентите.
Минералите се, воглавно, неизменети така што ќе го добиете истиот магнезиум, калциум и цинк во микробрановата храна како и во не-микробрановата, но сите важни Б витамини, антоцијани, флавоноиди и други прехранбени елементи се уништени од страна на микробрановата печка.
Микробрановата печка е уред на живи мртовци. Луѓето кои редовно користат микробранова печка се на пат према дегенеративни болести и доживотна битка со дебелината.
Колку повеќе користите микробранова печка, вашата состојба ќе биде сè полоша и веројатно ќе ви бидат дијагностицирани разни болести и ќе станете зависни од лекови, кои, секако, ќе создадат други здравствени проблеми кои доведуваат до големо спирално деградирање на здравјето.
Направете си услуга: фрлете ја вашата микробранова печка.
Заштитата на здравјето е ваша сопствена одговорност, на нас е да донесуваме одлуки за тоа што ќе купиме, подготвиме и конзумираме. Морате да се спасите.
Овде се некои од најновите здравствени сознанија за микробрановата храна:
1. Микробрановата храна губи 60-90% од виталното енергетско поле и микробрановите го забрзуваат структурниот распад на храната.
2. Микробрановата создава канцерогени материи во млекото и житарките.
3. Микробрановата ги деградира основните материи на храната, што предизвикува потешкотии при варењето на храната.
4. Микробрановата ја менува хемијата на храната што може да доведе до нарушување во лимфниот систем и дегенерација на телесната способност да се заштити од канцерогените израстоци.
5. Микробрановата храна доведува до зголемен број на канцерогени клетки во крвотекот.
6. Микробрановата печка го менува распаѓањето на елементарните материи кога суровото, готвено или замрзнато овошје се изложува дури и на многу кратко време и за ова време се создаваат слободни радикали.
7. Микробрановата храна предизвикува желудечни и цревни канцерогени израстоци, општа дегенерација на периферното ткиво, распад на дигестивниот и секрецискиот систем кај статистички висок процент на луѓе.
8. Микробрановата храна ја намалува способноста на телото да ги користи витамините Б комплекс, витаминот Ц и Е, есенцијалните минерали итн.

Print Friendly and PDF
  • Компир салата

    Компир салата

    Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.

  • Посна руска салата

    Посна руска салата

    Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

  • Супа од костени

    Супа од костени

    Освен по одличниот вкус, костените се познати и по нивните здравствени придобивки. Тие се богати со растителни влакна кои помагаат да се исфрлат отровите од организмот, а исто така се добри за намалување на лошиот холестерол во крвта. Претставуваат богат извор на витамините од Б групата, на манган и бакар.

  • Божествен напиток

    Божествен напиток

    Јапонското јаболко, основата на овој сок, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.