Some like it raw

  • Нутела
  • Макало со лук
  • Шопска салата
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Зелена убавина
  • Нутела
  • Макало со лук
  • Шопска салата
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Зелена убавина

Негативните ефекти од ултразвучниот преглед за време на бременоста

Објавено во Сурова вистина.

Ултразвук

Иако ултразвучниот преглед ги нема истите опасности за човекот и здравјето на фетусот како зрачењето, грешка е да се мисли дека ултразвукот е потполно безбеден за бебето кое расте во вашата утроба.

Ултразвучното скенирање работи така што испраќа звучни бранови до вашите ткива. Како што овие звучни бранови се одбиваат од вашите ткива, се создава слика.

Овие звучни бранови се способни за создавање на следниве физиолошки ефекти:

  • Зголемување на крвниот проток и темепратура во локалните ткива
  • Создавање на гасни меурчиња кои можат да вршат притисок врз локалните ткива
  • Механички ефекти како движење на течности кои се околу вашите клетки, што исто така, врши притисок на локалните ткива


Конвенционалниот поглед на ултразвучното скенирање за време на бременоста е дека интензитетот и траењето на звучните бранови кои се користат за скенирање не се доволни за да се создадат овие физиолошки ефекти на ниво кое е штетно за фетусот.

Веруваме дека овој конвенционален поглед е под влијаније на доларите кои се заработуваат од оваа индустрија.


Пред да дозволите ултразвучен преглед за време на вашата бременост, ве молиме имајте ги на ум следниве точки:

1. Се покажало дека ултразвучниот преглед на бремени жени значително ја зголемува веројатноста од спонтан абортус, предвремено раѓање, па дури и смртност на бебиња.
2. Бремените лекарки кои вршеле ултразвучни третмани повеќе од 20 часа неделно имале зголемен ризик од спонтани абортуси.
3. Една од причините која се користи за поддршка на ултразвучните прегледи за време на бременоста е тоа дека помага во дијагнозата наречена „плацентална праевиа“. Тоа е состојба каде плацентата е всадена во долниот дел од матката што може да предизвика крвавење во третото тромесечие и да ја зголеми шансата жената да се подложи на царски рез. Една студија со 4000 жени откри дека од 250 жени кои биле прегледани и дијагностицирани со плацентална праевиа, само 4 всушност имале плацентална праевиа по породувањето. Кој знае колку непотребни царски резови се направени и колку непотребна вознемиреност искусиле жените како последица од неточната дијагноза на плаценталната праевиа со ултразвук?
4. Користењето на ултразвучно скенирање за детектирање на сериозни проблеми пред породувањето НЕ го намалува заболувањето или не зачувува живот. Постојат докази кои сугерираат дека користењето на ултразвук како обид да се детектираат проблеми додека бебето е сè  уште во утробата може да направи повеќе штета отколку корист.
5. Постојат докази кои покажуваат дека децата кои биле изложени на ултразвук додека се во стомаците на нивните мајки имале поголема шанса да имаат дислексија и други проблеми со говорот и учењето од децата кои не биле изложени на ултразвук.

На крај, овие се двете главни причини за избегнување на ултразвучното скенирање за време на бременоста:

1. Без разлика со кој интензитет и траење се ултразвучните бранови, секогаш постои веројатност овие бранови да создадат непотребен термички и физички притисок врз вашето бебе. Зошто да ризикувате?
2. Секогаш постои веројатност од лекарска грешка и/или дефектна машина која може да резултира со повисока доза на ултрасонични бранови од посакуваната врз вашето бебе.

За повеќе информации за тоа зошто треба добро да размислите пред да имате ултразвучен преглед за време на бременоста, ве молиме прочитајте: „Ultrasound? Unsound“ од Beverley Beech.

Print Friendly and PDF
  • Компир салата

    Компир салата

    Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.

  • Посна руска салата

    Посна руска салата

    Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

  • Супа од костени

    Супа од костени

    Освен по одличниот вкус, костените се познати и по нивните здравствени придобивки. Тие се богати со растителни влакна кои помагаат да се исфрлат отровите од организмот, а исто така се добри за намалување на лошиот холестерол во крвта. Претставуваат богат извор на витамините од Б групата, на манган и бакар.

  • Божествен напиток

    Божествен напиток

    Јапонското јаболко, основата на овој сок, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.