Some like it raw

  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Шопска салата
  • Нутела
  • Макало со лук
  • Зелена убавина
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Шопска салата
  • Нутела
  • Макало со лук
  • Зелена убавина

Мононатриум глутамат – убиец на вашиот мозок!

Објавено во Сурова вистина.

Мононатриум глутамат

Мононатриум глутамат - C5H8NNaO4 (monosodium glutamate), исто така, познат и како MSG или Е-621 е веројатно најпознатиот „подобрувач на вкус" кој е во широка употреба, иако неговото влијание врз здравјето на луѓето, во најмала рака, е дискутабилно.
Неговата намена е да го подобри вкусот во готовите производи. Иако, навистина, го подобрува вкусот на храната, оваа хемиска материја го разорува мозокот, ја пореметува работата на хормоните и е поврзан со цела низа болести.

 

Што е MSG? 123
Мононатриум глутамат е измислен од јапонскиот научник Кикунае Икеда во 1908 година. Конзумирајќи јапонска супа направена од алги, забележил дека таа има посебен, неспоредлив вкус. Икеда сфатил дека за тој вкус е заслужна алгата комбу. Успеал да го изолира и да го патентира тој вкус како мононатриум глутамат.
Оттогаш мононатриум глутаматот започнал да се користи комерцијално. Денес е речиси невозможно да се пронајде готов производ кој не содржи мононатриум глутамат.
Индустрискиот мононатриум глутамат денес се добива со хидролиза на растителни протеини со помош на хидрохлоридна киселина,со директна хемиска синтеза од акрилонитрил или бактериска ферментација.
Освен што се користи како природна арома, алгата комбу е здрава и многу макробиотичари ја користат во својата исхрана.
Но, хемиски синтетизираниот глутамат кој се користи во готовите јадења е нешто сосема друго.

Како MSG го уништува вашето здравје?
Др. Расел Л. Блејлок, професор по неврохирургија на Медицинскиот Универзитет во Мисисипи, објавил книга за пореметувањата кои настануваат од внесувањето на мононатриум глутамат и аспартам.
Книгата е напишана врз основа на речиси 500 научни трудови, а мислењето на Блејлок го делат и многу други научници како Адриен Самјуелс, Френцис Џ. Ваикман и Џон Р. Хејн.
Во својата книга, д-р Блејлок ја открива вистината за ексцитотоксичноста на глутаматот.
Ексцитотоксичност е патолошки процес во кој нервните клетки се оштетуваат и умираат поради претераната стимулација на невротрансмитерите како што е глутаматот, аспартамот и Л-цистеинот.
Глутаматот во нашиот мозок дејствува како невротрансмитер овозможувајќи пренос на информации од една нервна клетка на друга. Доколку во мозокот се наоѓа преголема количина од тие материи, тоа доведува до смрт на нервните клетки поради нивната претерана стимулација.
Поради тоа, глутаматот се нарекува ексцитотоксин – отров кој ја надразнува и стимулира нервната клетка сè додека не умре.
Др. Блејлок го пишува следново: „Ексцитотоксините драстично го зголемуваат растот на ракот и метастазите. Всушност, истражувачите на аспартамот забележале дека клетките на ракот изложени на аспартам стануваат многу подвижни, а истиот ефект може да се види и со моноонатриум глутамат. Тој исто така, предизвикуа клетките на ракот да станат поподвижни и ги погодува метастазите."
Синтетичкиот глутамат кој го внесуваме во организмот со храната ја преминува крвно-мозочната бариера и почнува да ги разорува невроните. Голема количина на нервни клетки ќе изумре пред да се појават клинички симптоми.
Некои од многуте болести за кои е научно докажано дека се потпомогнати од долготрајното изложување на ексцитотоксини се:

  • Мултиплекс склероза
  • Алцхајмерова болест
  • Хиперактивност кај децата
  • Губење на памтење
  • Хроничен умор
  • Хормонални проблеми
  • Губење на слух
  • Епилепсија
  • Паркинсова болест
  • Хипогликемија
  • Деменција
  • Оштетувања и тумори на мозокот
  • Пореметување на ендокриниот систем
  • Дебелина
  • Алергиски реакции
  • Нагли промени на крвниот притисок
  • Главоболки и мигрени

Производи кои содржат MSG
За жал, MSG се додава рутински во брзата храна, готовите супи и сосови, додатоците за јадења, готовите смрзнати производи, производите за слабеење, мешавините на зачини од типот „Вегета" (дури и до 15%), зачини за скара и салата, конзервираната храна, зачинетите грицки како чипс од компири или тортиља чипс, слатки, гуми за џвакање, соја сос, соја протеин, безалкохолни пијалаци, чајни колбаси, пилешки салами, мортадели итн. Дури и многу ресторани кои подготвуваат јадења користат мононатриум глутамат.

Мононатриум глутамат може да се крие под следниве имиња:

  • Е-621
  • Засилувач на вкус
  • MSG
  • Мононатриум глутамат
  • Глутаминска киселина
  • Автолизиран квасец
  • Автолизиран протеин од квасец
  • Екстракт од квасец
  • Структуриран протеин
  • Природна арома
  • Хидролизиран протеин
  • Текстурен протеин
  • Глутаматат

Мононатриум глутаматот е честа состојка, не само во готовите јадења, туку и во многу лекови.
Дури и производите за лична хигиена како шампони, сапуни и козметика можат да содржат мононатриум глутамат под називот „хидролизиран", „протеини" и „амино-киселини".

Природна алтернатива на мононатриум глутамат
Храната подготвена дома од внимателно избрани состојки е најздрава храна за вас. Таа има потполн вкус затоа што е направена од свежи состојки и со многу внимание и љубов.
Ако, сепак, морате да купувате готова храна, внимателно читајте ги етикетите и избегнувајте ги штетните состојки како мононатриум глутамат, аспартам, Л-цистеин и други адитиви.

Print Friendly and PDF
  • Компир салата

    Компир салата

    Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.

  • Посна руска салата

    Посна руска салата

    Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

  • Супа од костени

    Супа од костени

    Освен по одличниот вкус, костените се познати и по нивните здравствени придобивки. Тие се богати со растителни влакна кои помагаат да се исфрлат отровите од организмот, а исто така се добри за намалување на лошиот холестерол во крвта. Претставуваат богат извор на витамините од Б групата, на манган и бакар.

  • Божествен напиток

    Божествен напиток

    Јапонското јаболко, основата на овој сок, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.