Some like it raw

  • Макало со лук
  • Зелена убавина
  • Шопска салата
  • Нутела
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Макало со лук
  • Зелена убавина
  • Шопска салата
  • Нутела
  • Сируп од мед и ѓумбир

Маргарин - вештачки токсичен производ

Објавено во Сурова вистина.

Маргарин

Маргаринот на светската сцена се појавил во 1869 година и е направен како ефтина замена на путерот за работничката класа. Меѓутоа, маргаринот нема ништо заедничко со путерот. Откога постои сточарството на земјата, човекот користел путер. Маргаринот е нешто сосема друго, еден потполно неприроден, штетен производ кој никако не би требало да се нарече – намирница.


Маргаринот се произведува од растителни масла. Високата температура во процесот на цедење на маслата ги уништува антиоксидантите во нив и се создаваат слободни радикали кои можат да предизвикат големи оштетувања во клетките и да го зголемат ризикот од рак. Потоа, на брутален хемиски начин маслата се стврднуваат со хидрогенизација или промена на масните киселини. Во овие постапки се користат опасни хемикалии чии остатоци се наоѓаат во готовите производи на полиците во нашите продавници.
Голем проблем претставува и тоа што хидрогрнизацијата и промената на масните киселини доведува до промена на молекулите на мастите во такви облици какви што воопшто ги нема во природните масти и потполно му се непознати на нашиот метаболизам. Мастите ги градат клеточните ѕидови, кои според Брус Липтон, меѓународно признат научник од областа на клеточна биологија, се главниот дел на клетките бидејќи овозможуваат комуникација на клетките со околината. Ако во нив се вградат неприродни масти од маргаринот, клетките не работат на нормален начин.

Во постапката на хидрогенизација маслото се обработува со водород и со помош на никел како катализатор. За време на овој процес доаѓа до создавање на транс-масти за кои е докажано дека се многу штетни за здравјето. Индустриските транс-масти го зголемуваат ризикот од дијабетес, рак, кардиоваскуларни болести и оштетување на фетусот. Освен во маргаринот, се наоѓаат во многу видови купечки печива, бисквити и колачи, сладоледи, чоколади и чипсови.
Промена на масните киселини значи дека молекулите на мастите се разбиваат, па повторно се спојуваат по принципот на случајност со помош на натриум метилат. Овде не се создаваат транс-масти, но мастите кои настануваат потполно се разликуваат од природните масти и  нашиот организам не ги препознава. Бидејќи мастите учествуваат во цела низа важни биохемиски процеси во телото, така овие изобличени мастии предизвикуваат разни пореметувања и доведуваат до болести. На пример, стврднатото палмино масло (честа состојка во маргаринот) може да придонесе до создавање на тромбоза (создавање грутки во крвотекот).
Со овој премин во тврда конзистенција, маслата се расипуваат и толку смрдат што оваа смеса (иден маргарин) мора да се исчисти со пареа. Со помош на каустична сода и хемиски средства за избелување овој производ се избелува за да не ја видат потрошувачите неговата грда сива боја. Ако воопшто преостанале витамини и минерали по стврдувањето на маслото, овој последен процес на чистење и избелување, потполно ги уништува. Останува една безлична маса на која на крај, ѝ се додава вештачки вкус и боја на путер.


Остатоци од следниве опасни хемикалии можат да се најдат во готовиот производ – маргарин:

  •     Екстракциски бензин хексан, во одредена количина експлозивен, ги оштетува нервите
  •     Ацетон, запалива материја, штетан за мозокот и нервите
  •     Фосфорна киселина, јака и опасна киселина
  •     Каустична сода
  •     Метал никел како катализатор кај хидрогенизацијата
  •     Метанол (се создава од натриум-метилат кај естерификација)
  •     Избелувачки средства
  •     ПХА полиароматски јаглеводороди ( една од најсилните канцерогени материи)

Дел од овие хемикалии се користи во процесот на производство, а дел се создаваат како резултат на хемиските реакции во тој процес. Еден дел од хемикалиите доаѓа дури и од бродовите за транспорт на суровини, бидејќи во истите тенкови се превезуваат хемикалии (на пр. разни хемиски отпадоци) и масла од кои се прави маргарин. Сè повеќе научни студии ја покажуваат врската меѓу конзумацијата на маргаринот и алергиите, егземи, астма, алергиско затнување на нос и улцерозен колитис кај деца.
Бидејќи маргаринот содржи премногу омега-6 масни киселини од растителни масла, со тоа допринесува до нерамнотежа меѓу животно важните групи на масни киселини, омега-3 и омега-6. Нерамнотежата меѓу овие масти е вообичаена токму поради преголемиот внес на омега-6 која се наоѓа во голем број индустриски преработени намирници и растителни масла. Оваа нерамнотежа (вишок омега-6) предизвикува воспалителни процеси во телото и е предизвикувач на многу хронични болести на модерниот човек.
Маргаринот е потполно неприроден производ преполн со опасни хемикалии, брутално манипулиран на молекуларно ниво и содржи маснотии кои телото не ги препознава. Ако направите експеримент и оставите едно поголемо парче маргарин и исто толку големо парче путер надвор во природа ќе забележите дека путерот многу бргу ќе го снема бидејќи ќе стане храна на многу мравки, други инсекти и бројни микроорганизми кои се наоѓаат во природа. Маргаринот со месеци ќе остане недопрен. Ниедно живо суштество не е толку глупаво да ја јаде ова смеса освен човекот.
Секако, производителите на маргарин ништо од ова нема да ви признаат бидејќи се во прашање огромни, милионски заработки. Растителните масла кои се користат за производство на маргаринот се многу ефтини, па овие производи се многу исплатливи. Во Шведска професорите при “Livsmedelsverket” (Државната служба за прехранбени артикли) примаат дополнителни плати од маргаринската индустрија за да ја промовираат оваа нејадлива смеса како супер здрав производ. За жал, парите управуваат со светот и луѓето, но полека и тоа ќе се промени. Моќта е, сепак, во рацете на потрошувачите бидејќи секој поединец одлучува каде ќе ги вложи своите пари и дали ќе биде потрошувач или жртва.


Извор: http://istineilaziohrani.blogspot.com

Print Friendly and PDF
  • Компир салата

    Компир салата

    Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.

  • Посна руска салата

    Посна руска салата

    Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

  • Супа од костени

    Супа од костени

    Освен по одличниот вкус, костените се познати и по нивните здравствени придобивки. Тие се богати со растителни влакна кои помагаат да се исфрлат отровите од организмот, а исто така се добри за намалување на лошиот холестерол во крвта. Претставуваат богат извор на витамините од Б групата, на манган и бакар.

  • Божествен напиток

    Божествен напиток

    Јапонското јаболко, основата на овој сок, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.