Some like it raw

  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Шопска салата
  • Зелена убавина
  • Нутела
  • Макало со лук
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Шопска салата
  • Зелена убавина
  • Нутела
  • Макало со лук

Аспартам – Сладок отров!

Објавено во Сурова вистина.

Аспартам – Сладок отров!

 

Аспартамот е вештачки засладувач кој се користи во многу диетални производи затоа што има многу мала калориска (речиси непостоечка) вредност. Интересен факт за аспартамот е тоа што неговото одобрување, всушност, било одбивано 8 пати од Администрацијата за храна и лекови на САД меѓу 1973 и 1996 год. Во ’96-та, бил одобрен иако биле документирани 92 несакани ефекти од неговото внесување вклучувајќи слепило, опаѓање на коса, добивање килограми (о, иронија!) мигрени и Алцхајмерова болест, да наброиме само неколку.

На крајот, сепак, како повеќето работи, парите и врските победиле кај комисионерот Артур Хјул Хејс. Хејс ги отфрлил откритијата на научниците дека хемикалијата не е погодна за конзумација.
Истата година, тој ја напуштил Администрацијата за храна и лекови под истрага дека примал мито од организациите регулирани од Администрацијата и отишол да работи за човекот кој го измислил аспартамот, Г.Д. Сиарли. Од тогаш, за аспартамот биле доставени повеќе пријави до Администрацијата отколку за сите други прехранбени адитиви заедно, со мноштво тужби за покренување. Можеби ќе се прашате, зошто сè уште е одобрен. Па, сигурно има врска со фактот дека аспартамот е сега индустрија од милијарда долари. Аспартамот го има во многу прехранбени производи, не само во диеталните сокови. Тој може да се најде во житарките, џемовите, гумите за џвакање, па дури и „витамините“. Токму затоа мора да ги читате етикетите! И не барајте „апартам“ (Aspartame) само во состојките, туку гледајте во кошничката за купување и филџанот кафе. NutraSweet и Equal се, исто така, направени од аспартам. И сега, новобрендираниот , свеж нов изглед на аспартамот... AminoSweet!

Други несакани ефекти од апартамот:
Епилептични напади
Збунетост, губење на меморијата
Вртоглавици, непостојаност
Сериозна депресија
Агресија
Вознемиреност
Несоница
Палпитации, тахикардија
Краткотраен здив
Кожни алергии
Влошен низок крвен шеќер
Задржување течности
Подуваност на нозе
Зголемена чувствителност на инфекции и многу други. Посебно е штетен за дијабетичарите.

Производи кои содржат аспартам:

Гумите за џвакање без шеќер, диеталните сокови, колачиња без шеќер...
Пијалаци: Diet Coca Cola (сите варијанти)
Coca Cola Zero (сите варијанти)
Diet Pepsi (сите варијанти)
Pepsi Max (сите варијанти)
Schweppes Slimline Drinks (сите варијанти)
Fanta Orange
Гуми за џвакање:
Wrigley's Airwaves (сите варијанти)
Wrigley's Orbit (сите варијанти)
Wrigley's Extra (сите варијанти)

Print Friendly and PDF
  • Компир салата

    Компир салата

    Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.

  • Посна руска салата

    Посна руска салата

    Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

  • Супа од костени

    Супа од костени

    Освен по одличниот вкус, костените се познати и по нивните здравствени придобивки. Тие се богати со растителни влакна кои помагаат да се исфрлат отровите од организмот, а исто така се добри за намалување на лошиот холестерол во крвта. Претставуваат богат извор на витамините од Б групата, на манган и бакар.

  • Божествен напиток

    Божествен напиток

    Јапонското јаболко, основата на овој сок, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.