Some like it raw

  • Зелена убавина
  • Шопска салата
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Нутела
  • Макало со лук
  • Зелена убавина
  • Шопска салата
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Нутела
  • Макало со лук

Сируп од ѓумбир и мед

Објавено во Мали тајни.

Сируп од ѓумбир и мед
 
Здравствените придобивки од мед или ѓумбир за третирање на респираторни проблеми се неспоредливи со кој било друг домашен лек.
Освен тоа,  медот е одличен медиум за пренесување на придобивките од билките (како што е ѓумбирот) до телото.
И медот и ѓумбирот засебно, имаат свои индивидуални здравствени придобивки, а нивната комбинација претставува вистиски еликсир.

Како да препознаете ГМО храна?

Објавено во Сурова вистина.

Како да препознаете ГМО храна?

Како да препознаете генетски модифицирана храна во продавниците и на пазарите? Засега нема вистински начин и универзално решение туку треба да се потпреме на својот здрав разум, логика и инстинкт, како и на сопственото истражување за добавувачите на суровини, производителите на храна и информирањето преку медиумите.

Принципи:
ГМО храната е поубава, округла, посјајна, со изедначена големина, сјајна боја без модрици и оштетувања, без лузни и знаци на расипување. Во природа не сме сите исти. Некој е повисок, некој понизок, некој крупен, а некој слаб. Истото важи и за природното овошје и зеленчук. Купувајте неправилно овошје и зеленчук, така да се каже, со грд изглед. Гледајте овошјето и зеленчукот да биде со различни бои, големини и форми. Ништо нема да му недостига ако е малку удрено и да покажува знаци дека е навистина живо т.е. да се расипува. На полицита каде што има такво овошје и зеленчук, големи се шансите да не се ГМО.

Боров мед

Објавено во Мали тајни.

Боров мед

 

      Во последно време многу слушав за познатиот лековит “природен боров мед", иако знаев дека истиот не е мед од пчели туку тоа се борови вршки варени неколку саати во вода, засладени со многу шекер.

Знаејки го ова, последниот пат кога бев во Берово на излезот од хотелот имаше неколку луѓе кои продаваа производи од Малешевијата. Нормално и самата купив, за подоцна да сфатам дека сум вешто излажана и дека сум купила шербет со вкус на јагода, koj немаше буквално никаков мирис и вкус на бор.

Во разговор со една возрасна мештанка, ми беше објаснето дека боровите цветови ( вршки) исклучително тешко се берат, па дури и да го има екстрактот од бор внатре во мојот купен природен “боров мед”, тоа е во сосем занемарлива количина.

Секако мојот штотуку купен “боров мед” заврши во канта за ѓубре, а јас се обидував да најдам рецепт за самата да си направам. Рецептот кој во себе не содржи гликозен сируп изгледаше вака :

Соле раствор

Објавено во Мали тајни.

Соле раствор

 

Кога се комбинираат хималајската кристална сол и водата, негативните полови од водените молекули  ги опкружуваат позитивните јони на солта, а негативните јони во солта се опкружени од позитивно поларизираните честички на водените молекули. Ова ја менува геометриската структура на водата и солта и создава нешто потполно ново, трета димензија.  Водата не е повеќе вода и солта не е повеќе сол.

  • Компир салата

    Компир салата

    Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.

  • Посна руска салата

    Посна руска салата

    Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

  • Супа од костени

    Супа од костени

    Освен по одличниот вкус, костените се познати и по нивните здравствени придобивки. Тие се богати со растителни влакна кои помагаат да се исфрлат отровите од организмот, а исто така се добри за намалување на лошиот холестерол во крвта. Претставуваат богат извор на витамините од Б групата, на манган и бакар.

  • Божествен напиток

    Божествен напиток

    Јапонското јаболко, основата на овој сок, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.