Some like it raw

  • Шопска салата
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Зелена убавина
  • Макало со лук
  • Нутела
  • Шопска салата
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Зелена убавина
  • Макало со лук
  • Нутела

НЕ за ГМО храна!

Објавено во Сурова вистина.

НЕ ЗА ГМО ХРАНА!

 


ГМО-Прашање за опстанок на народот!


ГМО храната е погубна за нашето здравје, нашата земја, земјоделство и околината.


Генетски модифицираните организми-ГМО настануваат кога се мешаат гени на животни(бубашваби, риби, жаби, бактерии или луѓе)   со гени на растенија. Тоа не се хибриди кои настануваат со мешање на две растенија! ГМО не може да израсне природно, па нашиот организам ги препознава како туѓо тело и реагира со создавање на антитела што е вовед во автоимуни болести.
Производителите на ГМО инсистираат да не се обележуваат ГМО производите. Зар тоа би го правеле ако ГМО храната е потполно здрава и сигурна?
Руските научници докажале дека ГМО во третата генерација на експериментални глувци предизвикува рак и стерилитет!
Да го сочуваме нашето потпомство!

Аспартам – Сладок отров!

Објавено во Сурова вистина.

Аспартам – Сладок отров!

 

Аспартамот е вештачки засладувач кој се користи во многу диетални производи затоа што има многу мала калориска (речиси непостоечка) вредност. Интересен факт за аспартамот е тоа што неговото одобрување, всушност, било одбивано 8 пати од Администрацијата за храна и лекови на САД меѓу 1973 и 1996 год. Во ’96-та, бил одобрен иако биле документирани 92 несакани ефекти од неговото внесување вклучувајќи слепило, опаѓање на коса, добивање килограми (о, иронија!) мигрени и Алцхајмерова болест, да наброиме само неколку.

Маргарин - вештачки токсичен производ

Објавено во Сурова вистина.

Маргарин

Маргаринот на светската сцена се појавил во 1869 година и е направен како ефтина замена на путерот за работничката класа. Меѓутоа, маргаринот нема ништо заедничко со путерот. Откога постои сточарството на земјата, човекот користел путер. Маргаринот е нешто сосема друго, еден потполно неприроден, штетен производ кој никако не би требало да се нарече – намирница.

Хлорофил – зелената крв на растенијата

Објавено во Мали тајни.

Хлорофил и хемоглобин

Хлорофилот е супстанца која ги прави зелени растенијата. Молекулот на хлорофилот има уникатна способност да ја претвора енергијата од сончева во хемиска (преку фотосинтеза), која растението ја користи да направи јаглехидрати од јаглерод диоксид и вода. На крај, сите живи нешта- растенијата и животните – ја добиваат својата енергија од сончевата енергија преку фотосинтезата  и оттука, и својата животна сила.

  • Компир салата

    Компир салата

    Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.

  • Посна руска салата

    Посна руска салата

    Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

  • Супа од костени

    Супа од костени

    Освен по одличниот вкус, костените се познати и по нивните здравствени придобивки. Тие се богати со растителни влакна кои помагаат да се исфрлат отровите од организмот, а исто така се добри за намалување на лошиот холестерол во крвта. Претставуваат богат извор на витамините од Б групата, на манган и бакар.

  • Божествен напиток

    Божествен напиток

    Јапонското јаболко, основата на овој сок, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.