Some like it raw

  • Шопска салата
  • Макало со лук
  • Нутела
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Зелена убавина
  • Шопска салата
  • Макало со лук
  • Нутела
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Зелена убавина

Киви - зелено богатство

Објавено во Мали тајни.

Киви

Овошјето киви првобитно било познато како кинески огрозд, но одгледувачите во Нов Зеланд го преименувале по нивната птица – киви, а потоа насекаде почнало да се употребува тоа име.
Кивите се единствено овошје што го содржат ензимот  актинидин и тоа е она што ги прави толку посебни. Актинидинот, кој претставува ензим за разградување на протеини, ја стимулира дигестијата на храната.

Негативните ефекти од ултразвучниот преглед за време на бременоста

Објавено во Сурова вистина.

Ултразвук

Иако ултразвучниот преглед ги нема истите опасности за човекот и здравјето на фетусот како зрачењето, грешка е да се мисли дека ултразвукот е потполно безбеден за бебето кое расте во вашата утроба.

Ултразвучното скенирање работи така што испраќа звучни бранови до вашите ткива. Како што овие звучни бранови се одбиваат од вашите ткива, се создава слика.

Овие звучни бранови се способни за создавање на следниве физиолошки ефекти:

  • Зголемување на крвниот проток и темепратура во локалните ткива
  • Создавање на гасни меурчиња кои можат да вршат притисок врз локалните ткива
  • Механички ефекти како движење на течности кои се околу вашите клетки, што исто така, врши притисок на локалните ткива


Конвенционалниот поглед на ултразвучното скенирање за време на бременоста е дека интензитетот и траењето на звучните бранови кои се користат за скенирање не се доволни за да се создадат овие физиолошки ефекти на ниво кое е штетно за фетусот.

Веруваме дека овој конвенционален поглед е под влијаније на доларите кои се заработуваат од оваа индустрија.

Што се тоа ензими?

Објавено во Мали тајни.

Ензими

 

Честопати слушаме за витамини, минерали, нутриенти, но многу поретко за ензими, иако без нив дури и најдобрите и најкавлитетните хранливи материи нема да ни значат многу. Што точно претстсавуваат тие? Ензимите прават сè да функционира во телото, без нив би биле само куп безживотни атоми. Ензмите претставуваат катализатори за сите хемиски реакции во телото – дигестија, имунитет и сите други метаболички и регенеративни функции. Замислете ги како телесни „работници“ кои ви помагаат да одите, зборувате, дишете, да ја дигестирате храната и да дејствувате. Хемиски, поголемиот број од нив се протеини и го поттикнуваат метаболизмот да ги користи нутриентите кои ги внесуваме. Билошки, тие се нашата животна енергија.

Микробранова печка - уред на живи мртовци!

Објавено во Сурова вистина.

Микробранова

 

Луѓето, денес , умираат делумно и поради тоа што и понатаму јадат мртви намирници кои се убиени во микробранова печка.
Тие земаат совршено здраво парче сурова храна, богато со витамини и природни лековити материи, а потоа го бомбардираат во микробранова и ја уништуваат неговата хранливост. Луѓето се единствени суштества на планетата кои ја уништуваат хранливата вредност на нивната храна пред јадење.

  • Компир салата

    Компир салата

    Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.

  • Посна руска салата

    Посна руска салата

    Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

  • Супа од костени

    Супа од костени

    Освен по одличниот вкус, костените се познати и по нивните здравствени придобивки. Тие се богати со растителни влакна кои помагаат да се исфрлат отровите од организмот, а исто така се добри за намалување на лошиот холестерол во крвта. Претставуваат богат извор на витамините од Б групата, на манган и бакар.

  • Божествен напиток

    Божествен напиток

    Јапонското јаболко, основата на овој сок, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.