Some like it raw

  • Нутела
  • Шопска салата
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Макало со лук
  • Зелена убавина
  • Нутела
  • Шопска салата
  • Сируп од мед и ѓумбир
  • Макало со лук
  • Зелена убавина

Афионот – Македонска супер храна

Објавено во Мали тајни.

Афион

 

Афионот е едногодишно растение со исправено стебло кое е високо  140-150см. Потекнува од Азија и се одгледува неверојатни 3000 години, за него знаеле и старите Египјани, а во античка Грција афионот бил претставен како лек од Хипократ. Семето од афион уште од тогаш се користи како лек против несоница, лек против неплодноста, па дури и му се препишувале магични моќи на невидливост. Има прекрасни крупни цветови кои имаат бела, розева или црвена боја со четири листови. По боите на цветот и семето се разликуваат повеќе подвидови, од кои само неколку се опијатски.

 Плодот е чашка која е затворена со „круна“ на врвот, а семето е ситно, мрежесто во форма на мал бубрег. Во Македонија денес се одгледува афион (бел и сив) само со посебна дозвола на надлежните државни служби.

Воден кефир - пробиотски еликсир на животот

Објавено во Мали тајни.

Воден кефир - еликсир на животот

 

  Водениот кефир се прави од кефирни зрна, познати уште како и шеќерни зрна, тибикос, тиби или јапонски водени кристали. Овие зрна составуваат култури од различни видови на здрави бактерии и квасец, составени заедно во полисахаридна матрица создадена од бактериите. Симбиотската врска на микробите произведува стабилна растечка култура. Микробите  се хранат од шеќерот и произведуваат млечна киселина, алкохол (етанол) и јаглерод диоксид создавајќи ферментиран газиран пијалак. Содржината на алкохол вообичаено е многу минимална, помалку од 1%. Во кратки црти, претставува голема доза на пробиотици во природна форма.

Сируп од млади зелени ореви и мед - природен резервоар на јод и витамин Ц

Објавено во Мали тајни.

Сируп од млади зелени ореви и мед - природен резервоар на јод и витамин Ц

 

Богатите и лековити состојки од листовите, млади и зрели плодови и зелени лушпи од ореви (Juglans regia), се користат за лекување на многу болести уште од античките времиња, а нивната лековитост е потврдена и од страна на модерната медицина.

Почетокот на мај, а во планинските области и до крајот на мај е идеално време да се соберат зелени плодови (незрели Juglandis fructus) од кои се подготвени разни лековити препарати.

  • Компир салата

    Компир салата

    Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.

  • Посна руска салата

    Посна руска салата

    Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

  • Супа од костени

    Супа од костени

    Освен по одличниот вкус, костените се познати и по нивните здравствени придобивки. Тие се богати со растителни влакна кои помагаат да се исфрлат отровите од организмот, а исто така се добри за намалување на лошиот холестерол во крвта. Претставуваат богат извор на витамините од Б групата, на манган и бакар.

  • Божествен напиток

    Божествен напиток

    Јапонското јаболко, основата на овој сок, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.