Some like it raw

Слики од работилницата за жива храна -14 декември 2013

 

Сабота, 14 декември, сончево, но не толку топло утро, на закажаното место точно на пладне се собравме неколкумина заљубеници на здравата храна.

Подготвуваме рецепти, разменувавме мислења, совети, искуства и се разбира уживавме заедно во вкусно приготвените јадења и напитоци. Како што беше најавено на менито се најдоа-  за добредојде, свежо цеден сок од ѓумбир, јаболка и мандарина, потоа макао-природен шејк од лешниково млеко со рогач, лукума и урми, чипс од кељ со сос од индиски ореви, освежителна супа од авокадо, шпагети од зелени тиквички со песто од пченка, шпагети од портокалова тиква со алфредо сос, маринирани шитаке печурки и овенат спанаќ и за крај следуваше сладолед од банани и путер од кикирики.

Им благодариме на прекрасните учеснички кои ја направија работилницата уште поинтересна, позабавна и незаборавна.

Нема да трошиме многу зборови на објаснување, туку ќе оставиме сликите да зборуват наместо нас и барем малку ја доловат атмосферата во која уживавме сите.

 

 

 

 

Print Friendly and PDF