Some like it raw

Предизвик "Гответе со нас"

 

Почитувани пријатели, Some Like It Raw во соработка со Нутри Вита Ве поканува да учествувате во нашиот веган предизвик

 

                                                     „ГОТВЕТЕ СО НАС”

                                            Почеток: Понеделник, Март 31, 2014

             

“Движењето” наречено жива храна, храна базирана на растенија или вегански животен стил се појави во светот многу одамна, но за среќа е прилично популарна и кај нас.Оваа храна се подготвува со потполно природни состојки кои се без глутен, без месо, без млеко, без шеќер, без јајца, без глутен и без соја. За некои од нас тоа звучи многу ограничувачки, меѓутоа верувајте дека вкусовите, текстурите, боите и разновидноста на живата храна ќе ве остават без зборови.

Што е потребно за учество:

 

  • Направете го вашиот омилен жив или веган рецепт кој не содржи глутен. Можете да користите рецепти и од вашите пријатели или рецепти од нашата страница.
  • Фотографирајте го крајниот производ, 2-3 слики од јадењето (се прифаќаат фотографии и од мобилен телефон) и текстот на рецептот со состојките и начинот на подготвување .
  • Во предизвикот ќе учествуваат единствено авторски фотографии.
  • Рецептот мора да биде направен од живи или растителни сосојки и не смее да содржи јајца, животинско млеко, месо, риба, глутен или било какви преработени намирници.
  • Еден учесник може да учествува со најмногу 5 рецепти односно јадења
  • По завршетокот на предизвикот, ќе одбереме неколку рецепти кои ќе бидат објавени со ваше име и презиме на нашата веб страница.
  • Право на учество имаат само лица кои живеат во Македонија

 

Времетраење на предизвикот: 14 дена

Сите фотографии кои ќе пристигнат, ќе бидат објавени на нашата ФБ страна на 14ти до 21ви април. Објавата ќе означи дека гласањето може да почне, а сликите кои ќе добијат најмногу лајкови ќе бидат соодветно наградени.

 

 

 

 

 

 

  •        И специјална награда(изненадување) која ќе ја доделиме ние од Some Like It Raw, а која ќе биде оценувана според вкус, начин на сервирање, презентација, декорација, фотографија и сл

 

 

Пријавување, прашања и информации можете да ги добиете на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку порака на нашата ФБ страница

Print Friendly and PDF