Some like it raw

Работилница за жива храна „ВОВЕД ВО ЖИВАТА ХРАНА“

Научете како да приготвувате вкусни „живи“ специјалитети со потполно природни состојки кои се без глутен, без млеко, без шеќер, без јајца и без соја.  Погледнете и вкусете како во живо се подготвуваат неодоливи предјадења, шејкови, супи, главни јадења и десерти.

 Живата храна енергетски не го оптоварува организмот оставајќи му време сам да се исцели и подмлади. Затоа оваа храна е одличен начин за детосификација на телото од сите натрупани отрови, загадувачи тешки метали кои ги внесуваме преку воздухот, индустриската храна и водата.

 

Ќе научите како се прави:

Макао природен шејк кој е одлична замена за кафе или други кофеински напитоци

 

Чипс од кељ – неверојатно вкусна ужина која можете да ја носите со себе

 

 Супа од авокадо – богата со здрави масти

 
Шпагети од тиквички со два вида сосови (сос од пченка и доматен сос) и живо сирење

 

Ванила сладолед - најслаткото за крај

         

Следува по 1 порција од горенаведените јадења за секој учесник на работилницата.

Максимален број на учесници - 10

Дојдете во опуштена, интимна атмосфера да ги дознаете сите тајни на живата храна, нашите сугестии, искуства со овој начин на живот, поставувајте прашања и истовремено уживајте во специјалитетите кои ќе ги приготвиме за вас.

 

Со учеството на работилницава добивате:

  •   Бесплатна книга Кристијан Опиц "Чудото од кристална сол"
  •   Десерт за дома
  •   Испечатена скрипта со рецептите кои ќе се приготвуваат и други важни информации кои треба да ги знае секој кој сака да се храни здраво.

 

Работилницата ќе се одржи на 14ти Декември во Скопје.

Времетраење на работилницата: 3 до 4 часа

Цена: 1500 денари

Пријавување, прашања и информации можете да ги добиете на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку порака на нашата ФБ страница.

Print Friendly and PDF