Some like it raw

Вода - суштински елеменет на животот

Објавено во Мали тајни.

„Ако постои магија на оваа планета, таа е содржана во водата“ -Лорин Иселеј

Уште од антички времиња, водата се сметала за свет елемент со божествени карактеристики. Античката цивилизација на Египјаните се поклонувала на Нил, големата река, како на божество бидејќи им значела сè. Секоја година Нил се излевал од своето корито носејќи благосостојба и живот во земјата на Египјаните опколена со тони песок. Годишното излевање им овозможувало да го обработуваат земјиштето и да живеат безбедно. Не помалку значајна била и реката Ганг за Индијците која ја сметале за најсвета река.

Салеп - лековит пијалак со магичен вкус

Објавено во Мали тајни.

Салеп- лековит пијалак со магичен вкус

 

Орхидеите го фасцинираат човештвото повеќе од 3000 години, не само по нивната естетска убавина туку и со лековитата моќ. Планинските орхидеи од родот на Orchis (Orchis mascula, Orchis militaris) се оние од кои се добива салепот.  Овие орхидеи кои се погодни за производство на салеп имаат уникатна структура, коренот има јајцевидна форма и се состои од две луковици. Поголемата луковица го храни цветот, додека помалата е резервна. Идејата за правење на пијалак од ова магично цвеќе припаѓа на Турците, благодарение на нивното религиозно верување. Во осмиот век тие го примаат исламот и според нивното верување не смеат да пијат алкохолни пијалаци. Така дошла идејата за пиење салеп, жешок млечен напиток за загревње во текот на ладните зими.

Здравствени придобивки од зелените сливи

Објавено во Мали тајни.

Зелени сливи

 

Зелените сливи се сурови плодови од дрвото слива. Тие се богати со витамин Ц и содржат голема количина на растворливи растителни влакна. Секојдневното јадење зелени сливи за време на сезоната ќе помогне во редовно празнење на цревата затоа што помагаат во варењето на храната.

Нутритивна вредност на зелените сливи

Зелените сливи се богати со растителни влакна, витамин Ц, витамин А, витамин К, натриум, калиум, протеини, калциум, магнезиум, фосфор и фитонутриенти.
Тие кога се берат се свежи и кисели на вкус. Многу луѓе ги јадат со малку сол за подобар вкус. Нивната сезона е во пролет и рано лето.

10 најдобри здравствени придобивки на зелените сливи

 

Чистење на црниот дроб и жолчното ќесе од стари, натрупани материи и маснотии

Објавено во Мали тајни.

 

Црниот дроб е неверојатно важен орган и неговото попречено функционирање може да се одрази на многу функции на телото, од дигестивни нарушувања до емционална надразливост. Црниот дроб е единствениот дел од телото кој од две места се снабдува со крв. Се регенерира најбрзо и има над 500 функции вклучувајќи:

  • Ја обработува дигестираната храна од тенкото црево
  • Ги контролира нивоата на масти, амино киселини и глукоза во крвта
  • Се бори против инфекциите во телото
  • Ја чисти крвта од честички и инфекции вклучувајќи ги и бактериите
  • Ги неутрализира и уништува лековите и токсините
  • Произведува жолчен сок
  • Складира железо, витамини и други есенцијални материи
  • Ја разградува храната претворајќи ја во енергија
  • Произведува, разградува и регулира бројни хормони вклучувајќи ги и половите хормони
  • Произведува ензими и протеини кои се одговорни за најголем дел од хемиските реакции во телото, на пример оние вклучени во засирување на крвта и поправање на оштетени ткива