Some like it raw

Колку е корисен сокот од калинка?

Објавено во Мали тајни.

Сок од калинка

 

Ботаничкото име на калинката е  punica granatum, тоа е латинско име кое означува јаболко или овошје со многу семки.

Калинката со векови била употребувана како храна, но и како лек од Божјата аптека, црвените зрнца на калинката многу потсетуваат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост.

Во однос со другите сокови, виното како и зелениот чај, калинката односно нејзиниот сок, содржи најмногу антиоксиданти, конкретно 30 мл. сок од калинка содржи 3 пати повеќе антиоксиданси од 30 мл зелен чај или црвено вино. Тие го штитат телото од вишокот слободните радикали кои се наоѓаат во крвта.

Слободните радикали го менуваат холестеролот во процесот на оксидацијата, за која се смета дека го забрзува процесот на задебелувањето на крвните садови и ја намалува нивната еластичност. Истражувањата покажаа дека сокот од калинка ја намалува оксидацијата на холестеролот.

 

Овој слатко-кисел сочен еликсир е идеален да се консумира токму сега, во овој период од годината, или од септември па се до Божиќ, односно на есен или за време на студената зима кога ни е најмногу потребен, поради своите бескрајно корисни својства, меѓу кои :

 

  • Да ја засилува сексуалната желба, бидејќи е еден од најсилните афродизијаци во природата. Мажите и жените, кои секој ден пијат  по една чаша сок од калинка, ги зголемуваат нивоата на тестостерон во организмот, што наликува ефектот од вијаграта.
  • Го намалува ризикот од малигни заболувања како рак на кожата, рак на дојка кај жените и на простатата кај мажите, поради горниот корисен факт.
  • Пиејќи сок од калинка согорувате масти околу половината и стомакот.
  • Го подобрува хемоглобинот и помага при лекувањето на анемија.
  • Го нормализира крвниот притисок  поради силно диуретично дејство, што го прави исклучително корисен  за луѓето кои страдаат од хипертензија. А високата содржина на калиум во овој чудесен сок придонесува за одржување на работата на срцето.
  • Ја тонизира кожата и го бодри духот и телото, бидејќи во една чаша сок од калинка се содржи околу 40% од потребната за организмот дневна доза на витамин Ц
  • Помага при различни воспалителни болести на дигестивниот систем, благодарение на присуството на фолна киселина, пектин и танини.
  • Ја зголемува отпорноста на организмот кон зрачење.
  • Сокот од калинка го стимулира растот на косата и ноктите.

 

Наша препорака се овие сокови од калинка:

 

Напомена: Контраиникации може да имаат луѓе со зголемена киселост на желудникот, гастрични заболувања на дигестивните органи и панкреатит. Сепак, за да немате проблеми со желудникот, дури и оние кои се совршено здрави, препорачливо е чудесната слатко-кисела течност да ја консумирате разредена со вода или со друг некисел сок, на пример од моркови, јаболка или целер.

Print Friendly and PDF