Some like it raw

Чистење на црниот дроб и жолчното ќесе од стари, натрупани материи и маснотии

Објавено во Мали тајни.

 

Црниот дроб е неверојатно важен орган и неговото попречено функционирање може да се одрази на многу функции на телото, од дигестивни нарушувања до емционална надразливост. Црниот дроб е единствениот дел од телото кој од две места се снабдува со крв. Се регенерира најбрзо и има над 500 функции вклучувајќи:

  • Ја обработува дигестираната храна од тенкото црево
  • Ги контролира нивоата на масти, амино киселини и глукоза во крвта
  • Се бори против инфекциите во телото
  • Ја чисти крвта од честички и инфекции вклучувајќи ги и бактериите
  • Ги неутрализира и уништува лековите и токсините
  • Произведува жолчен сок
  • Складира железо, витамини и други есенцијални материи
  • Ја разградува храната претворајќи ја во енергија
  • Произведува, разградува и регулира бројни хормони вклучувајќи ги и половите хормони
  • Произведува ензими и протеини кои се одговорни за најголем дел од хемиските реакции во телото, на пример оние вклучени во засирување на крвта и поправање на оштетени ткива

 Чистењето помага да се обнови и подмлади црниот дроб кој е истоштен без оглед дали е од околинско загадување, лоши прехранбени навики или болест. Неговото чистење помага тој да се врати во здрава рамнотежа и помага во исчезнувањето на лошите навики за сметка на здравите. Некои од придобивките од чистењето на црниот дроб се:  поздрава кожа, подобро варење на храната, ментална јасност, контрола на крвниот шеќер, зајакнување на имунитетот, губење на тежина и намален целулит, подобра кардиоваскуларна функција, подобрено либидо, помалку болки во телото итн.

 Потребни состојки:

  •  50 гр горка сол (магнезиум сулфат) или 4 големи лажици
  • 150 мл ладно цедено маслиново масло
  • 200 мл сок од свеж црвен цитрон (околу 2-3 цитрони)

 Одберете еден ден во неделата на пример, петок или сабота за чистење за да можете наредниот ден да одмарате.

На денот на чистење на црнот дроб треба да имате немасен појадок или ручек на, пример овошен кашест сок, интегрален леб, мед, печен или варен компир, зеленчук само со сол без масло (не јадете ништо што е масно како путер, млеко, кисела павлака, индустриско сирење, масло и сл.).

Тој ден не земајте никакви лекови, витамини без кои инаку не можете бидејќи тоа може да влијае на успешноста на чистењето.

 

14:00 ч. – Немојте да јадете и пиете ништо после 14.00 часот. Ако го прекршите ова правило, подоцна може да ви биде тешко и чистењето да биде неуспешно и попречено.

Напомена: Овде времето е многу значен фактор за успех. Немојте да доцните или подраните повеќе од 10-15 минути.

 Подгответе ја горката сол: Ставете 50 гр од горката сол (4 големи супени лажици) во сад од 600 мл вода и затворете  со капак, малку протресете за да се растопи солта, разделете ја течноста на 4 еднакви чаши кои ќе ги пиете 4 пати по една чаша (доза).

 17:00 ч. - Испијте ја првата чаша (доза) горка сол. После пиењето можете да ја измиете устата и да испиете неколку голтки вода. Маслиновото масло и цитронот оставете ги на собна темепратура да се згреат.

 20:00 ч. – Испијте ја втората чаша (доза) горка сол. Иако не сте јаделе ништо од 14.00ч нема да чувствувате глад. Подгответе се за легнување во кревет, времето овде е многу важен фактор за успех. Немојте да доцните или да подраните повеќе од 10-15 мин.

 21:45ч – Ставете го маслиновото масло (150 мл) и сокот од црвен цитрон (200мл) во сад со капак. Цврсто затворете го садот и протресете додека смесата не стана рамномерно измешана. Посетете го тоалетот еднаш или повеќе пати дури иако задоцните на вашиот пијалак во 22:00 ч.

 22:00 ч. - Испијте го напитокот од маслиново масло и цитрон. Полесно ќе може да го испиете со помош на цевка. Пијте го полека и СТОЕЈЌИ во време од 5 до 10 минути (15 минути за постари луѓе).

ВЕДНАШ ЛЕГНЕТЕ НА ЛЕВАТА СТРАНА.  Однапред подгответе се за спиење.

 Следното утро не пред 06:00 ч.: Откако ќе станете испијте ја третата чаша (доза) со горката сол. Ако почувствувате мачнина почекајте малку, па потоа испијте ја течноста. Вратете се во кревет и легнете на левата страна, по потреба одете во тоалет.

 08:00 ч. - Испијте ја четвртата чаша (доза) горка сол и вратете се назад во кревет. После два часа можете да јадете, прво почнете со природен, бистар, овошен сок. По половина час, можете да каснете некоја овошка. Еден час после тоа, можете да јадете лесна храна. До вечерата би требало да се чувствувате опоравени.

 Колку е успешно чистењето: Во текот на овој ден, веројатно многу пати ќе одите во тоалет. Во столицата треба да има каменчиња со зеленкаста боја, може да ги има и до 200 и во разни димензии.

Зелените каменчињата (стара жолчка со кал, песок и други нечистотии) кои ќе ги најдете во ВЦ школката се вистински каменчиња, а не се остатоци од храна, бидејќи жолчката од црниот дроб е зелена како боја на грашок. Изметот ќе потонe, а каменчињата ќе пливаат затоа што во нив се наоѓа холестерол. Остатоците од кристалите на холестеролот со зелена боја, исто така, ќе пливаат во водата.

Вообичаено црниот дроб е преполн со вакви натрупани материи кои е потребно да се отсранат за да може црниот дроб непречено да функционира. Затоа, се препорачува да се повтори чистењето за две недели. Со тоа ќе се решите од алергиите, а исто така и ќе ја подобрите општата состојба на организмот, сонот ќе ви се нормализира и ќе имате повеќе енергија и елан во текот на денот.

 Чистењето на црниот дроб е сигурен метод, илијадници луѓе ширум светот го користат овој начин. Се препорачува чистење на црниот дроб двапати годишно.

 Ако имате некое акутно (еднократно) заболување (висока температура, грип, воспалителен процес, слабост), не правете чистење на црниот дроб. Одложете го чистењето додека не оздравите. Ако патите од хронични (тешки) болести обратете се кај лекар за совет. Чистењето на црниот дроб, исто така, не се препорачува за време на бременост и додека доите.

 Напомена! Текстот е наменет за информативни цели. Пред да преземете каков било чекор за детоксикација, се препорачува да се консултирате со вашиот лекар.

Print Friendly and PDF