Some like it raw

Здравствени придобивки од зелените сливи

Објавено во Мали тајни.

Зелени сливи

 

Зелените сливи се сурови плодови од дрвото слива. Тие се богати со витамин Ц и содржат голема количина на растворливи растителни влакна. Секојдневното јадење зелени сливи за време на сезоната ќе помогне во редовно празнење на цревата затоа што помагаат во варењето на храната.

Нутритивна вредност на зелените сливи

Зелените сливи се богати со растителни влакна, витамин Ц, витамин А, витамин К, натриум, калиум, протеини, калциум, магнезиум, фосфор и фитонутриенти.
Тие кога се берат се свежи и кисели на вкус. Многу луѓе ги јадат со малку сол за подобар вкус. Нивната сезона е во пролет и рано лето.

10 најдобри здравствени придобивки на зелените сливи

 


1.    Варење: Јадењето на зелените сливи го зголемува внесот на растителни влакна во телотот и помага за добро варење. За време на сезоната, добро е да се јадат редовно за подобро варење на храната.

2.    Спречуваат констипација: Бидејќи се богати со витамин Ц и сварливи растителни влакна, помагаат во спречување на констипација и подуеност.

3.    Го зајакнуваат имунолошкиот систем: Редовното конзумирање на зелени сливи ќе помогне во природно зајакнување на имунолошкиот систем. Тоа, пак, помага во одржување на телото во добра форма и избегнување на многу здравствени проблеми, исто така.

4.    Дентална грижа: Редовното јадење зелени сливи во текот на сезоната ќе ги одржи здрави непцата резултирајќи со силни и здрави заби. Исто така, помагаат во намалување на болките, крвавење на непцата и лош мирис.

5.    Спречуваат анемија: Зелените сливи помагаат во апсорпцијата на железо резултирајќи со дејство на крвта во телото. Освен тоа, болестите поврзани со недостиг на црвени крвни клетки како анемија се спречуваат благодарение на богатата содржина на витамин Ц во сливите.

6.    Помагаат во обновување на сврзивните ткива: Витаминот Ц е клучната состојка која помага во обновувањето на сврзивните ткива. Ова го одржува тонирано телото изгледајќи помладо, поздраво и во добра форма.

7.    Губење килограми: Вишокот масти во телото се намалуваат поради големата количина на витамин Ц во зелените сливи. Јадењето повеќе зелени сливи во салата ќе помогне во намалување на стомачните масти и на губење килограми, исто така.

8.    Спречуваат внатрешни оштетувања: Бидејќи зелените сливи се богати со антиоксиданти, спречуваат внатрешни оштетувања на мастите во мозокот и крвотекот. Клетките од телото остануваат заштитени одржувајќи ги здрави и млади.

9.    Помагаат при проблеми на дишните патишта: Помагаат при состојбите како астма, рак на белите дробови, настинка, кашлица и хронични проблеми со белите дробови.

10.    Спречуваат мускулна дегенерација: Проблемите поврзани со староста како мускулна дегенерација може да се спречи со редовно конзумирање зелени сливи.

Print Friendly and PDF