Some like it raw

Салеп - лековит пијалак со магичен вкус

Објавено во Мали тајни.

Салеп- лековит пијалак со магичен вкус

 

Орхидеите го фасцинираат човештвото повеќе од 3000 години, не само по нивната естетска убавина туку и со лековитата моќ. Планинските орхидеи од родот на Orchis (Orchis mascula, Orchis militaris) се оние од кои се добива салепот.  Овие орхидеи кои се погодни за производство на салеп имаат уникатна структура, коренот има јајцевидна форма и се состои од две луковици. Поголемата луковица го храни цветот, додека помалата е резервна. Идејата за правење на пијалак од ова магично цвеќе припаѓа на Турците, благодарение на нивното религиозно верување. Во осмиот век тие го примаат исламот и според нивното верување не смеат да пијат алкохолни пијалаци. Така дошла идејата за пиење салеп, жешок млечен напиток за загревње во текот на ладните зими.

 Коренестиот дел од дивите орхидеи се мие, се вари, се суши и на крај се меле во вид на брашно. Тоа е есенцијата на овој топол и лековит пијалак.

 


Исцелителната моќ на салепот доаѓа од глукомананот кој ги лечи респираторните проблеми како бронхитис или кашлица. Го поттикнува срцето и умот, запира дијареа и го загрева телото. Посебно кога се конзумира со ѓумбир или цимет, ефектот се засилува. Освен што ги поседува овие лековити својства, за салепот се верува дека е и одличен афродизијак.

Бидејќи корените на орхидеjата кои се користат да се направи салеп имаат прилично сугестивен облик, односно облик на пар тестиси овој чудесен напиток и во историјата е користен како афродизијак. Всушност и самото име Orchid потекнува од грчкото име Orkis кое означува тестис. Салепот е многу моќен борец против неплодноста кај мажите, зголемување на волуменот на спермата, бројност на сперматозоидите и генерално подобрување на квалитетот на истата, секако салепот помага и кај сексуална импотенција, подигнување на либидото и сл. Според принципите на божјата аптека се верува дека со конзумирање на растенија кои наликуваат на орган од човековото тело, ќе добиете здравје за истиот.

Каде може да се најде вистински салеп?

Ако сте доволно среќни да патувате во Турција, можеби ќе можете да најдете и купите автентичен салеп, oвој историски зачин во прав можете да го купите од познатиот пазар за зачини (Mısır Çarşısı) во Истанбул, додека ако сакате да го пробате вкусот на вистински салеп ви ја препорачуваме чајџилницата İstinye Kahvecisi во познатиот трговски центар Istinye Park.

Бидејќи извозот на салеп од Турција е забранет, денес на пазарот може да се најдат различни инстант верзии на салепот . За жал, тие повеќе имаат арома на салеп отколку вистински салеп, некои дури и помалку од 0,3%. Иако можеби се вкусни, сепак имаат додадено шеќер, згуснувачи и други адитиви, а лековитото дејство во голема мера им е намалено (или воопшто не постои) и затоа најдобро да користите чист салеп во прав.

Доколку дома имате чист салеп, Ви препорачуваме да го пробате овој супер вкусен рецепт, направен со млеко од лешник.

 п.с - Салепот како неопходна состојка се  исто така се прави и турскиот еластичен сладолед наречен дондурма (dondurma)

Print Friendly and PDF