Some like it raw

Киви - зелено богатство

Објавено во Мали тајни.

Киви

Овошјето киви првобитно било познато како кинески огрозд, но одгледувачите во Нов Зеланд го преименувале по нивната птица – киви, а потоа насекаде почнало да се употребува тоа име.
Кивите се единствено овошје што го содржат ензимот  актинидин и тоа е она што ги прави толку посебни. Актинидинот, кој претставува ензим за разградување на протеини, ја стимулира дигестијата на храната.

 

Здравствени придобивки:

 

  •  Богати со калиум, кој е важен за превенција на висок крвен притисок.
  •  Значајни за луѓето со слаба дигестија, благодарение на нивната висока содржина на растителни влакна и нивната уникатна слуз, тие претставуваат нежни и ефективни лаксативи.
  •  Одличен извор на витамин Ц (повеќе од портокалите) и посебно се важни за проблемите на респираторниот тракт вклучувајќи отежнато дишење,   краток     здив,   астма и кашлање.
  •  Богати со флавоноиди кои помагаат да се заштитат клетките од оштетување и оттука, се сметаат корисни за заштита на ДНК од мутации и оштетување.
  •  Помагаат во заштита од старосна макуларна дегенерација.
  •  Богати со фитонутриенти кои го спречуваат згрутчувањето на крвта и ги контролираат нивоата на масни киселини во крвта.
  • Добар извор на пектин, растворливи влакна кои помагаат да се контролира нивото на холестерол во крвта, што помага во намалување на ризикот од срцеви заболувања, кардиоваскуларни заболувања и срцеви напади.
  •  Можат да ги зголемат добрите бактерии во цревата и потоа да ја зајакнат апсорбирачката способност на истите.
  •  Консумирањето на 2 киви секој ден може значително да го намали ризикот од крвни згрутчувања.
  •  Кивите содржат потполни нутриенти кои го помагаат квалитетот на спиењето.
  •  Добар извор на значаен антиоксидант растворлив во масти – витамин Е.


Од црните семки на кивите може да се произведе масло кое е многу богато со алфа-линоленска киселина – значајна омега-3 масна киселина.
Актинидинот кој се наоѓа во кивите може да биде алерген за некои индивидуи. Посебно, луѓето алергични на латекс, банани, папаја или ананас имаат поголема веројатност да бидат алергични на киви. Во тој случај е најдобро да се избегнуваат.
Кивите се меѓу малиот број на прехранбени намирници кои содржат одредена количина на оксалати, супстанци кои природно се наоѓаат кај растенијата, животните и луѓето. Кога оксалатите премногу концентрирани во телесните течности, можат да кристализираат и да предизвикат проблеми. Поради оваа причина, луѓето кои веќе имаат проблеми со бубрезите и жолчниот меур треба да го минимизираат или да ги избегнуваат консумирањето на киви.

Print Friendly and PDF