Some like it raw

Хлорофил – зелената крв на растенијата

Објавено во Мали тајни.

Хлорофил и хемоглобин

Хлорофилот е супстанца која ги прави зелени растенијата. Молекулот на хлорофилот има уникатна способност да ја претвора енергијата од сончева во хемиска (преку фотосинтеза), која растението ја користи да направи јаглехидрати од јаглерод диоксид и вода. На крај, сите живи нешта- растенијата и животните – ја добиваат својата енергија од сончевата енергија преку фотосинтезата  и оттука, и својата животна сила.


Сепак, хлорофилот не е толку уникатен во својот хемиски состав. Изграден е околу структура позната како порфирински прстен, кој го има во мноштво природни органски молекули. Најинтересната група на молекули која содржи порфирински прстен се оние кои се вклучени во клеточното дишење или транспортација и консумација на кислород. Овде се вклучени хемоглобинот, миоглобинот и цитохромите. Хемоглобинот, се разбира, е супстанца во човечкото тело која го носи кислородот од белите дробови до другите ткива и клетки во телото. На сликата се прикажани структурите на хлорофилот и хемоглобинот.

Очигледно, двете структури се многу слични. Највоочливата разлика меѓу нив е дека порфиринскиот прстен на хемоглобинот е изграден околу железо (Fe) додека порфиринскиот прстен на хлорофилот е изграден околу магнезиум (Mg). Експериментите покажале дека нашето тело е способно да го претвора хлорофилот во хемоглобин и оттука да ја зајакнува крвта.


Здравствените придобивки од хлорофилот

Хлорофилот, исто така, во нашето тело дејствува како внатрешен исцелител, прочистувач, антисептик, клеточен стимулатор, подмладувач и градител на црвени крвни клетки како што претставува и „крв“ на растенијата. Уште се нарекува и течна сончева енергија. Колку позелени се листовите на растенијата, толку е поконцентрирана количината на хлорофил.

Здравствените придобивки од консумирањето на хлорофилот се многубројни. Кога се зема постојано во доволни количини може да ги почувствувате следниве моќни ефекти на оваа неверојатна супстанца:

  • Ја зајакнува крвта
  • Врши детоксификација и прочистување(ги отстранува тешките метали и токсини од ткивата и црниот дроб)
  • Ги олеснува проблемите со крвниот шеќер
  • Го намалува или елиминира телесниот мирис
  • Ги смирува желудечните чиреви
  • Значително ги ублажува респираторните проблеми како астма и синуси
  • Ги убива бактериите во раните и го забрзува исцелувањето
  • Ја намалува воспалителната болка
  • Ги подобрува фукциите на цревниот тракт
  • Го зголемува млекото кај мајките кои дојат
  • Ги ублажува болките од хемороиди
  • Содржи и до 17 амино киселини
  • Одличен за кожни проблеми – акни, егзема, псоријаза
  • Го спречува побелувањето на косата и многу, многу други.


Најдобар начин за да добиете хлорофил е преку блендирани зелени сокови со овошје за да се маскира вкусот. Исто така, хлорофилот го има изобилно во сино-зелените алги како кламатските АФА алги, спирулина и хлорела.

Print Friendly and PDF