Some like it raw

Соле раствор

Објавено во Мали тајни.

Соле раствор

 

Кога се комбинираат хималајската кристална сол и водата, негативните полови од водените молекули  ги опкружуваат позитивните јони на солта, а негативните јони во солта се опкружени од позитивно поларизираните честички на водените молекули. Ова ја менува геометриската структура на водата и солта и создава нешто потполно ново, трета димензија.  Водата не е повеќе вода и солта не е повеќе сол.

  Елементите се ослободуваат себеси од своите ограничувања предавајќи ги своите поларитети од резонантните ефекти и достигнуваат повисок вид на енергија. Само преку овој процес на стекнување на повисоки нивоа на свесност, можеме да се откажеме  од нашите поларитети и да се вратиме во едниството на сите елементи.  Токму тоа испарува кога се соединуваат солта и водата. Спремноста на водата да се откаже од сопствениот идентитет, за возврат, ја ослободува солта од нејзиниот манифестиран идентитет – да ја надмине моќта на мрежната работа и да го оддели натриумот од хлоридот и другите 82 елементи. Сите елементи стануваат јонизирани ослободувајќи ја нивната зачувана енергија и информација.

Научните истражувања ги покажаа позитивните ефекти од напитокот со хималајската кристална сол наречен Соле врз човечкото тело.

 

Позитивни ефекти:

  • Го реминерализира телото со 84 есенцијални минерали и елементи во трагови кои соодветствуваат на составот и потребите на организмот.
  • Ги разложува и ослободува кристализираните наслаги, ги чисти цревата и ги подобрува кожните проблеми.
  • Ги надоместува електорлитите, помага во балансирањето на рН нивоата што понатаму придонесува за подобрен имунолошки систем.
  • Значајни позитивни промени во респираторниот, дигестивниот и циркулаторниот систем како и во сврзните ткива и ткивата на нервниот систем.
  • Го зголемува квалитетот на енергија, сон, нивоата на концентрација, растот на нокти и коса и губење на килограмите.
  • Пациентите изјавија и намалени зависности.
  • Пацинетите изјавија намалување на болката од фибромијалгија и од артритичните состојби.
  • Многу пациенти кои земаат лекови за крвен притисок изјавија дека нивниот крвен притисок се нормализирал додека земале Соле.

 

Соле терапија

  Земајте една мала лажичка од солениот раствор секое утро, и измешајте во чаша вода (пред појадок). Како алтернатива можете да ја измешате лажичката Соле во чаша вода и да додадете исцеден лимонов сок (многу освежтелно). Лимонот помага и во детоксикацијата на црниот дроб (изборно). Пијте доволно квалитетна вода преку целиот ден. Многу луѓе се разболуваат поради хронична дехидратација.

На биофизичко ниво, напитокот Соле го обновува и одржува природниот енергетски образец на телото за 24 часа. По 30 дена, можете полека да ја зголемувате вашата дневна доза до една голема лажица за да се подобрат енергетските нивоа.

 

Упатства:

  • Нежно исплакнете и ставете неколку парчиња кристали од хималајска сол во стаклена тегла. Користете тегла со капак кој се затвора
  • Наполнете ја теглата со свежа природна изворска вода.(или филтрирана)
  • Повторно наполнете ја теглата со вода колку што е потребно. Пред потполно да се растопат кристалите додадете неколку нови за да не мора да го почнувате процесот одново. Не промешувајте го талогот на дното од теглата. Тие се потешките минерали кои се наталожени и може да се чистат периодично.
  • По приближно 24 часа или кога кристалите на солта ќе престанат да се растопуваат, ќе имате солен раствор кој содржи 26% сол. Концентрацијата ќе остане иста се додека има кристали во теглата.

 

По кратко време можете да видите формирана кристализација околу горниот дел на теглата. Тоа е нормална кондензација, само избришете или исплакнете под вода.

Овој раствор е без микроби( или бактериолошки е чист) и може да се чува неограничено без менување или разложување.

Print Friendly and PDF