Some like it raw

Афионот – Македонска супер храна

Објавено во Мали тајни.

Сив и бел афион

 

Афионот е едногодишно растение со исправено стебло кое е високо  140-150см. Потекнува од Азија и се одгледува неверојатни 3000 години, за него знаеле и старите Египјани, а во античка Грција афионот бил претставен како лек од Хипократ. Семето од афион уште од тогаш се користи како лек против несоница, лек против неплодноста, па дури и му се препишувале магични моќи на невидливост. Има прекрасни крупни цветови кои имаат бела, розева или црвена боја со четири листови. По боите на цветот и семето се разликуваат повеќе подвидови, од кои само неколку се опијатски.

 Плодот е чашка која е затворена со „круна“ на врвот, а семето е ситно, мрежесто во форма на мал бубрег. Во Македонија денес се одгледува афион (бел и сив) само со посебна дозвола на надлежните државни служби.

 

Афионовото семе не содржи опијати и не е отровно, напротив, многу е хранливо и нема опасност дека колач од афион содржи морфин или некој друг алкалоид. Сосема е различно со чашката на афионот. Имено, без оглед дали станува збор за опиумскиот афион или за некој нискоморфински, некоја варијанта за јадење, чашките кои остануваат по вадењето на семето и понатаму имаат мала количина на алкалоид.

  Здравствени придобивки од афионово семе

  •  Афионовото семе содржи многу хемиски соединенија за кои  е познато дека имаат антиоксидантни својства, спречуваат болести и го поттикнуваат здравјето.
  • Нивниот единствен, јаткаст, ароматичен вкус го имаат поради изобилството од масни киселини и есенцијални испарливи масла кои сочинуваат околу 50% од нивната нето тежина. Ова семе особено е богато со олеинска и линолеинска киселина. Олеинската киселина, моно-незаситена масна киселина, помага во намалувањето на ЛДЛ или „лошиот холестерол“, а го зголемува ХДЛ или „добриот холестерол“ во крвта. Истражувањата сугерираат дека медитеранската исхрана која е богата со моно-незаситени масни киселини, исто така, помага во спречување на коронарни болести и удари  оддржувајќи го здравиот профил на масти.
  • Надворешната обвивка  на афионовото семе е добар извор на растителни влакна. 100 гр сурово семе обезбедува 20 гр или 80% од препорачаната дневна доза на растителни влакна. Многу од овие влакна се метаболички пасивна содржина која помага да се зголеми волуменот на храната апсорбирајќи ја водата од дигестивниот тракт и оттука, олеснувајќи ги проблемите со констипација.
  • Дополнително, растителните влакна се сврзуваат со жолчните соли (производ на холестеролот) и ја намалуваат нивната реапсорбција во дебелото црево. Оттука, помага во понатамошното намалување на нивото на ЛДЛ холестеролот во крвта.
  • Ова семе е одличен извор на Б-комплекс витамини како тијамин, пантотенска киселина, пиридоксин, рибофлавин, нијацин и фолна киселина. Многу од овие витамини дејствуваат како ко-фактори во метаболизмот, посебно на мастите и јаглехидратите.

  • Афионовото семе содржи добри нивоа на минерали како железо, бакар, калциум, калиум, манган, цинк и магнезиум. Бакарот е потребен за производство на црвени крвни клетки. Цинкот е ко-фактор во многу ензими кои го регулираат растот и развојот, производството на сперма, дигестија и синтеза на нуклеински кислеини. Калиумот е важна компонента на клетката и телесните течности кои помгаат во контролирањето на срцебиењето и крвниот притисок. Манганот во телото се користи како ко-фактор за  моќен антиоксидантен ензим, супероксид дисмутаза.

 

Според сето ова напишано погоре, слободно можеме да заклучиме дека во Македонија имаме квалитетна СУПЕР ХРАНА која слободно може да се споредува со познатото чиа семе, и ако добро ја погледнеме табелата, ќе забележиме дека АФИОНОТ дури и го надминува квалитетот на истото.

Print Friendly and PDF