Some like it raw

Расолот – чудотворна традиционална храна

Објавено во Мали тајни.

Расолот – чудотворна традиционална храна

 

Многумина веруваат дека исцелителната моќ на ферментираната зелка се граничи со чудо.

Конзумирањето на зеленчукот од фамилијата зелки во која спаѓаат зелката, брокулата, прокељот е познат по тоа што го намалуваат ризикот од бројни видови рак како рак на белите дробови, на дебелото црево, на дојка, на јајниците и на мочниот меур.

Освен способноста да се борат против ракот, конзумирањето на овие видови зеленчук, исто така, овозможува значајни кардиоваскуларни придобивки бидејќи го блокораат создавањето на наслаги во крвните садови.

 

Сокот од зелка, исто така, е докажан како значително ефективен во третирањето на чиревите на дигестивниот тракт.

Во една студија, 1 литар од свеж сок на ден, земен во поделени дози, резултирал со потполно излекување на чиревите во просек од 10 дена.

 Како одличен извор на витамин Ц, манган, витамин Б6, тијамин, рибофлавин, калциум и калиум, зелката се смета како основен продукт во многу европски земји каде што често се конзумира во нејзината ферментирана форма како расол.

 Со цел да ги добиете максималните придобивки од ферментрианата зелка без негативните ефекти од рафинираната сол, најдобро е да користие хималајска сол која содржи 84 минерали во трагови кои се во ист сооднос како во човечкото тело.

 Освен ова, расолницата е добар извор на пробиотици (добри бактерии) кои се познати по нивните бројни придобивки врз човечкото здравје.

 Во книгата,"Страст кон кисела зелка", напишана од Семјуел Хофер, можете да прочитате детали за сите здравствени продобивки и секако ќе добиете одговор зошто домашно направениот расол е чудотворна храна:

 

  • Ја засилува желудечната киселина
  • Спречува констипација (запек)
  • Ги стимулира перисталтичките движења на цревата
  • Помага во обновувањето на здрава цревна флора по антибиотици
  • Ја подобрува циркулацијата на крвта
  • Помага во чистењето на крвта
  • Ја поттикнува природната отпорност против инфекции
  • Го зајакнува телесниот имунолошки систем
  • Го ослободува телото од паразити
  • Го намалува шеќерот во крвта и урината
  • Го регулира копнежот за благо
  • Го ублажува утринското гадење кај бремени жени

 Рецептот за расол во тегла можете да го прочитате тука.

 Напомена: Текстот се однесува единствено за домашно ферментирана зелка, сите “кисели зелки” кои досега сме ги сретнале во маркети содржат низа конзерванси, па затоа наша препорака е да ги избегнувате колку што можете.

Print Friendly and PDF