Some like it raw

Кимчи – пробиотска храна со големи здравствени придобивки

Објавено во Мали тајни.

Кимчи – пробиотска храна со големи здравствени придобивки

 

 Кимчи претставува зачинета ферментирана зелка која потекнува од Кореа и е богата со пробиотици.

 Оддржувањето на здрава цревна флора е исклучително значајно за здравјето и виталноста, а кимчи е еден начин за да го обезбедите телото со пробиотски бактерии.

 Тоа е евтина, зачинета и малку лута салата која има бројни здравствени придобивки.

 

Содржи многу витамини- А, Б и Ц и оттука има многу антиоксиданти кои превенираат кардиоваскуларни болести, удари, па дури и рак. Исто така, содржи калциум за метаболизмот и за силни коски, железо за анемија, селен за астма и кардиомиопатија.

 Кимчи содржи зелка, моркови, млад кромид, лук, чили во прав и ѓумбир. Сите овие намирници се добри за телото и содржат алицин кој го намалува холестеролот, го намалува крвниот притисок и го зајакнува имунолошкиот систем. Кимчи е одлична салата за оние кои страдаат од алергии затоа што го спречува нејзиниот развој. Освен тоа, го спречува развојот на лошите бактерии во цревниот тракт како салмонела, енетеробактер бактерија, вибрио, листерија и стафилокок. Студиите покажуваат дека колку подолго се ферментира кимчито, толку повеќе се развиваат антиоксиданти.

Спречува атеросклероза и истовремено го зајакнува имунолошкиот систем помагајѓи со автоимуните болести.

 Кимчито има многу малку масти и калории, 150 гр кимчи содржи само 40 калории. Содржи 200 различни лактобацилус бактерии, а има 4 пати повеќе пробиотски бактерии од јогуртот. Чилито во него кое содржи капсаицин го забрзува метаболизмот и помага во губење килограми и со воспаленијата.

 Кимчито е одличен додаток на секое јадење, посебно во зимскиот период кога достапноста на свежиот зеленчук е ограничена.

 Како и за секоја друга ферментирана храна и за кимчи важи правилото – умереност во сè. Иако се смета за суперхрана со исклучителни здравствени придобивки, треба да се конзумира внимателно. Јадењето премногу ферментирана храна може да предизвика проблеми со варењето

Рецептот за кимчи можете да го прочитате тука.

Print Friendly and PDF