Опрема
Пред да започнете не мора да ги купувате сите апарати и уреди одеднаш. Дајте си малку време, добро запознајте го секое парче опрема пред да поминете на следното. И најдобрата и најскапата опрема на светов нема да има никаков ефект ако само стои на работната маса и не се користи!
Сега после повеќе од 4 години нашата кујна е едноставно полна со разни апарати , алати, силиконски калапи и други помагала, меѓутоа за старт ви се доволни само еден остар нож, даска за сецкање и добар, моќен блендер.
А кога веќе ќе навлезете во овој начин на живот, оваа листа на опрема ќе ви биде неопходна во секојдневниот живот:
1. Брз, моќен блендер
Основниот брз и моќен блендер за секој приврзаник на оваа исхрана е VitaMix.
Но дали навистина ви е потребен? Тој претставува голема инвестиција, па сакате да знаете дали е вреден толку?
Блендерот VitaMix е од оние уреди кои се користат секојдневно. Брзо и едноставно можете да направите зелени и овошни сокови, здрав сладолед од замрзнато овошје, разни преливи за салати, путери од јаткасто овошје, разни сосови, макала, супи итн. Моторот кој работи со 2 коњски сили ја раскинува клеточната структура на овошјето и зеленчукот, па така сите витамини, минерали и ензими скриени во тврдата целулозна структура ги добиваме во готова форма.
Ниту еден друг кујнски уред не може да Ви ги понуди достигнувањата, брзината, моќноста, издржливоста и сигурноста, да не ги спомнуваме и здравствените придобивки кои ги добивте со VitaMix . Оваа извонредна машина ја заменува работата на 10 кујнски уреди без никакви додатоци! Извршува преку 50 „вештини со храна“, вклучувајќи 4 уникатни процеси кои ниту еден друг кујнски уред не може да ги изврши. Витамикс 5200 прави сок од природна храна за минута, приготвува супа без шпорет, прави вкусни, здрави сладоледи за 30 секунди и дури и меле жито и меси тесто за време од 5 минути.
Блендерот VitaMix навистина е вредна и исплатлива инвестиција.
2. Процесор за храна
Процесорот за храна се користи за погусти состојки и смеси отколку тие кои се поосодветни за VitaMix. Смесите за лепчиња, крекери се одлични за прoцесор за храна.
Овој е од тие уреди за кој добивите толку колку што плаќате, па и повеќе од тоа. Ние го користиме процесорот за храна Magimix кој има повеќе опции, за фино, грубо сецкање, пасирање, матење, па дури и како цедалка за цитрусни сокови од 1100W.
3. Дехидратор
Дехидраторот служи за сушење овошје, зеленчук, за правење живи лепчиња, ленени крекери, кори за десерти, сирењата исто така се подготвуваат во дехидратор. Дехидраторот Excalibur е оној кој најмногу се користи меѓу приврзаниците на живата храна. Згоден е за употреба затоа што ги суши изедначено и темелно крекерите, овошјето и зеленчукот. Се отвора однапред и има термостат кој може да се намести и за ниски темепратури.
4. Соковник
Кога пиете свежо направен сок, ја добивате целата енергија веднаш без да чекате вашето тело да ја дигестира. Секогаш кога пијам свежо исцеден сок од зеленчук се чувствувам витална и полна со енергија.
Мојот Hurom е енергетски ефикасна гурманска машина со која можете да добиете многу повеќе и многу поквалитетен сок заради неговата патентирана технологија за „бавно исцедување“ која работи слично како аван и толчник.
Со него можете да направите сè од сок, млеко од соја и млеко од бадеми, до коктели, сосови, маринади, кашички за бебиња и сладолед, па дури и вкусни оброци користејќи ја пулпата.
5. Спирализер
Со спирализерот можете да направите навистина долги „шпагети“ од зеленчук како што се зелените тиквички, пашканат и моркови. Исто така, е лесен за користење давајќи и на храната неверојатен изглед без многу напор или потребна вештина.
6. Остар нож и добра даска за сечење
Бидејќи ќе треба да посветите повеќе внимание на сецкање зеленчук и овошје од вообичаено, остар нож и даска за сечење се неопходни за овој начин на исхрана. Лично се трудиме што повеќе да користиме керамички ножеви од причина што не ја оксидираат храната.
Ако почнете да се придржувате на овој начин на исхрана со тап нож, ќе бидете обесхрабрени уште на почеток. Сецкањето со тап нож ќе ви одземе многу повеќе време да направите што било и има поголема шанса да се пресечете поради силното притискање.
Дрвените даски за сечење се доста практични, посебно бамбусните кои впиваат многу малку влага.
7. Сецко или мандолина
Со помош на сецкото можете да го сецкате овошјето и зеленчукот на неверојатно тенки парчиња и да имате одлични резултати кога станува збор за декорацијата. Можете да исечете листови од цвекло, морков, дајкон брзо и едноставно, а истовремено ќе биде повкусно и попривлечно за јадење. Освен тоа, ова кујнско помагало нема да ве чини многу, а ќе ви биде доста корисно.
8. Вреќичка за цедење млеко
Вреќичките за цедење млеко се одлични за правење растително млеко. Сè што треба да направите е да изблендирате 3 чаши вода со 1 чаша јаткасто овошје како бадеми, лешници, ореви претходно потпопени во вода неколку часа и да го прецедите добиеното млеко во вреќичката!
Ќе добиете полна вреќичка со пулпа од јаткасто овошје која потоа можете да ја искористите за други рецепти и неколку чаши прекрасно растително млеко кое можете да го засладите и да направите милкшејк, чоколадно млеко и многу други работи.
На крај ќе завршиме со онаа старата "Без добар алат, нема добар занает"