а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Ние препорачуваме:

Компир салата

Компир салата

Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.

Посна руска салата

Посна руска салата

Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

Супа од костени
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Супи

Супа од костени

Освен по одличниот вкус, костените се познати и по нивните здравствени придобивки. Тие се богати со растителни влакна кои помагаат да се исфрлат отровите од организмот, а исто така се добри за намалување на лошиот холестерол во крвта. Претставуваат богат извор на витамините од Б групата, на манган и бакар.

Божествен напиток

Божествен напиток

Јапонското јаболко, основата на овој сок, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.

Зелен сок Тропико

Зелен сок Тропико

Во овој зелен сок се балансирани четирите вкусови на благо, кисело, луто и горчливо. За благиот вкус придонесуваат бананите и урмите, за киселиот, мандарините и ананасот, за лутиот, ѓумбирот и за горчливиот, блитвата. Сепак, кога ќе се спојат во единствена смеса, се добива совршено избалансиран и неповторлив вкус.

Детокс- ананас, мандарина, ѓумбир, јаболко

Детокс- ананас, мандарина, ѓумбир, јаболко

Ананасот е егзотично овошје кое е вистински спој на здрави и корисни состојки. Ананасот е богат со ензими, витамини, минерали како на пример, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод, цинк, манган, провитамин А, витамини Е, Ц, витамини од групата Б, растителни влакна, ензим – бромелаин. Ананасот го јакне природниот имунитет на организмот, го поттикнува метаболизмот и позитивно делува и на заштита на организмот од штетното дејство на слободните радикали.Препорачуваме ананасот да се јаде свеж, бидејќи тогаш содржи најмногу лековити својства.

Чоколаден мус со прелив од малини
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Десерти

Чоколаден мус со прелив од малини

Овој рецепт за чоколаден мус со прелив од малини доби прва награда за десерт во наградната игра на 24 Kitchen "Summer Cook- Off".

Детокс - ананас, портокал, полен и куркума

Детокс - ананас, портокал, полен и куркума

Curcuma Longa е латинското име на куркумата, се одликува со темно кафена кожа  и прекрасна портокалова внатрешност. Куркумата долго време се користи во кинеската и индиската медицина како моќно растение (корен) против широк спректар воспалителни процеси како подуеност, жолтица, менструални проблеми, крвава урина, крварење, забоболка, модринки, болки во градите итн.

Детокс - целер, ѓумбир, морков, јаболко и мандарина

Детокс - целер, ѓумбир, морков, јаболко и мандарина

Поради многуте хранливи и здрави материи кои ги содржи целерот, оваа билка се смета за многу здрава и лековита. Целерот има особина да го прочистува организмот од токсините, па заради своите анти токсични својства одличен е за чистење на организмот, после зимските денови.

 

Хумус

Хумус

Хумусот е традиционалнко макало од Блискиот Исток со единствен, пикантен вкус. Може да се конзумира индивидуално, како намаз во сендвичи, како додаток со главно јадење или како макало со зеленчук подготвен на пареа. Хумусот е добар извор на протеини, растителни влакна, омега-3 масни киселини, железо, манган и фолна киселина. Благодарение на неговата богата содржина на растителни влакна, добар е за намалување на холестеролот и за диети за намалување на килограмите.

Салеп

Салеп

Исцелителната моќ на салепот доаѓа од глукомананот кој ги лечи респираторните проблеми како бронхитис или кашлица. Го поттикнува срцето и умот, запира дијареа и го загрева телото. Посебно кога се конзумира со ѓумбир или цимет, ефектот се засилува. Освен што ги поседува овие лековити својства, за салепот се верува дека е и одличен афродизијак.

 

Лубеница торта
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Десерти

Лубеница торта

Лубеницата, кралицата на летото, поради големата содржина на вода, одлично ја гаси жедта, го помага варењето на храната и  помага во излачувањето на течнотите од организмот. Оваа торта е одличен начин да ги почувствувате нејзините освежувачки својства во текот на топлите летни денови.

Саси ароматизирана вода
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Напитоци

Саси ароматизирана вода

Саси вода е именувана од магазинот Превенција (Prevention) во чест на Синтија Сас која го создала овој рецепт за диетата „Рамен стомак“. Тоа е вода со вибрација и има подобар вкус од обичната вода. Исто така, речиси и нема калории, а ѓумбирот всушност помага во смирувањето на дигестивниот систем.Саси водата лесно може да ја подготвите во вашиот дом и дејствува навистина освежувачки, особено во жешките летни денови.

Мексиканска салата
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Салати

Мексиканска салата

Богатство од бои и вкусови во една салата, привлечна на око, но уште повеќе на вкус.

Крем оревко
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Десерти

Крем оревко

Вкусен крем кој освен тоа што е здрав, богат е и со есенцијални хранливи материи. Оревите се богати со протеини, витамини, омега-3 масни киселини, минерали во трагови...Тие се единствените јатки кои имаат значајна количина на алфа-линоленска киселина. Содржат голема количина на витамин Б6 и корисно количество на витамин Е во форма на токоферол. Исто така, добар извор се на манган, магнезиум, фосфор и железо.

[12 3 4 5  >>