Бадемите се богати со витамин Е, калциум, магнезиум и калиум. Исто така, претставуваат значаен извор на протеини и растителни влакна, додека природно имаат мала количина на шеќери. Од сите јаткасти овошја, бадемите имаат највисока содржина на протеини, растителни влакна, калциум, витамин Е, рибофлавин и нијацин по тежина. Како и другите јатки содржат и масти, но тие се здрави незаситени масти.