а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Рецепти на д

Детокс - ананас, портокал, полен и куркума

Детокс - ананас, портокал, полен и куркума

Curcuma Longa е латинското име на куркумата, се одликува со темно кафена кожа  и прекрасна портокалова внатрешност. Куркумата долго време се користи во кинеската и индиската медицина како моќно растение (корен) против широк спректар воспалителни процеси како подуеност, жолтица, менструални проблеми, крвава урина, крварење, забоболка, модринки, болки во градите итн.

Детокс - зелена јаболка, лимон и ѓумбир

Детокс - зелена јаболка, лимон и ѓумбир

 Ѓумбирот веќе долго време се користи како храна и како лек. Оваа билка е одличен лек против мачнини, абдоминална болка, крварење и реума.

Денес, ѓумбирот, како што истакнуваат научниците, е идеален лек против воспаление, оток и болки, но се користи и за да смири кашлица, зајакнување на имунолошкиот систем, спречува настинки и секако помага и во забрзување на метаболизмот.

Дехидрирани розеви домати

Дехидрирани розеви домати

 Има два важни елементи кога се дехидрира живата храна за да се зачуват ензимите. Првиот елемент е правилна контрола на температурата и второ е времето кое е потребно за да се дехидрира храната. Ако температурата е превисока, ензимите можат да бидат уништени, но ако температурата е прениска, на храната ќе и’ е потребно повеќе време да се исуши, предизвикувајќи да се расипе или да се појават бактерии.

Детокс- ананас, мандарина, ѓумбир, јаболко

Детокс- ананас, мандарина, ѓумбир, јаболко

Ананасот е егзотично овошје кое е вистински спој на здрави и корисни состојки. Ананасот е богат со ензими, витамини, минерали како на пример, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод, цинк, манган, провитамин А, витамини Е, Ц, витамини од групата Б, растителни влакна, ензим – бромелаин. Ананасот го јакне природниот имунитет на организмот, го поттикнува метаболизмот и позитивно делува и на заштита на организмот од штетното дејство на слободните радикали.Препорачуваме ананасот да се јаде свеж, бидејќи тогаш содржи најмногу лековити својства.

Домашен путер од кикирики - рецепт на Драгана Велковска
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Путери

Домашен путер од кикирики - рецепт на Драгана Велковска

Домашен путер од кикирики е еден од неколкуте рецепти кои ни ги испрати Драгана Велковска за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

Домашен сенф - рецепт на Драгана Велковска

Домашен сенф - рецепт на Драгана Велковска

Домашен сенф е еден од неколкуте рецепти кои ни ги испрати Драгана Велковска за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

Домашна зачинска мешавина
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Зачини

Домашна зачинска мешавина

Домашната зачинска мешавина дава многу подобар и специфичен вкус на јадењата, а најважно од сè, не содржи никакви вештачки емулгатори и конзерванси како мономатриум глутамат кои се штетни  по здравјето на луѓето.

 

Детокс - блитва, ѓумбир, јаболко и киви

Детокс - блитва, ѓумбир, јаболко и киви

Кивите се единствено овошје што го содржат ензимот  актинидин и тоа е она што ги прави толку посебни. Актинидинот, кој претставува ензим за разградување на протеини, ја стимулира дигестијата на храната.

Детокс - коријандер,јаболко, блитва и портокал

Детокс - коријандер,јаболко, блитва и портокал

Коријандерот е познат како одличен врзувач за тешките метали од организмот. Ова значи дека содржи состојки кои едноставно ги наоѓаат тешките метали во вашето тело, се врзуваат со нив и им помагаат да ги исфрлите од вашиот систем. Со други зборови, коријандерот е еден од најдобрите, ако не и најдобро детокс растение на земјата.

Детокс - куркума, круша, ананас и портокал

Детокс - куркума, круша, ананас и портокал

Куркумата има биберест, топол и малку горчлив вкус. Овој корен  е најдобро познат како една од состојките кои се користат да се направи кари, исто така е познат и како боја со која се обојуваат многу прехрамбени продукти, меѓу кои е и сенфот.

Curcuma Longa е латинското име на куркумата, се одликува со темно кафена кожа  и прекрасна портокалова внатрешност. Куркумата долго време се користи во кинеската и индиската медицина како моќно растение (корен) против широк спректар воспалителни процеси како подуеност, жолтица, менструални проблеми, крвава урина, крварење, забоболка, модринки, болки во градите итн, Куркумата традиционално се нарекува "индиски шафран", поради нејзината длабока жолто-портокалова боја, и користењето во текот на историјата како зачин, лек и текстилна боја.

 

Домашен природен лосион за тело -3 во 1

Домашен природен лосион за тело -3 во 1

Овој лосион можете многу лесно да го направите во домашни услови, а ќе добиете потполно природен производ со состојки кои се јадат.
Лосионов има и природен заштитен фактор 6 поради кокосовото масло, какао и шеа путерот и затоа можете да го користите и на плажа.
Освен тоа, може слободно да се користи и како лосион за спречување на стрии кај бремени жени, како подлога за лице итн.
Иако изгледа како сапун, сепак во добир со кожата се топи оставајќи ја мазна и нежна на допир.

Детокс - ѓумбир, грозје, јаболко и мандарина

Детокс - ѓумбир, грозје, јаболко и мандарина

Овој рецепт за сок од јаболко, грозје и мандарина е навистине освежителен. А кога дополнително ќе го зачините со ѓумбир, ќе добиете навистина единствен вкус.

Детокс - ѓумбир, црвена зелка, јаболко и портокал.

Детокс - ѓумбир, црвена зелка, јаболко и портокал.

Овој рецепт за сок од црвена зелка е потполно природен и супер здрав. Црвената зелка во комбинација со јаболка и ѓумбир е изненадувачки вкусна! Го зајакнува имунолошкиот систем, има невеорајтни својства против стареење и е богат со состојки кои се борци против ракот! Откако ќе го пробате овој сок, сигурни сме дека ќе стане вежен дел од вашата исхрана

Детокс - целер, ѓумбир, морков, јаболко и мандарина

Детокс - целер, ѓумбир, морков, јаболко и мандарина

Поради многуте хранливи и здрави материи кои ги содржи целерот, оваа билка се смета за многу здрава и лековита. Целерот има особина да го прочистува организмот од токсините, па заради своите анти токсични својства одличен е за чистење на организмот, после зимските денови.

 

Домашни печени семки од тиква

Домашни печени семки од тиква

Семките од тиква се одличен извор на цинк, но исто така изобилуваат и со други минерали како што се манган, фосфор, бакар,магнезиум, калиум, калциум, железо и витамин К и ниацин или витамин Б3.

Навистина одличен и првенствено здрав избор за грицкање.