Овој зелен сок го нарековме кралски поради носечкото овошје кое го содржи.Мангостинот поради уникатниот изглед и специфичниот вкус, често е нарекуван "крал на тропското овошје", однадвор бојата му е темно виолетова, а формата му е тркалезна.Додека внатре се наоѓа срцевината која е поделена на неколку делови, кои се белузлави и слатки.
Кај нас во Македонија неможете да го најдете, барем ние досега не сме успеале.