а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Рецепти на п

Путер од кокос
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Путери

Путер од кокос

Бидејки кај нас во Македонија не може да се купи, а во многу од рецептите за десерти како состојка може да се сретне кокосов путер,решивме да го направиме сами.Испадна дури подобро од очекуваното...Евтин е, а и лесен за подготовка.

Богат со лауринска киселина која го зајакнува имунитетот и ги уништува штетните бактерии, вируси и габи.
Го забрзува метаболизмот кој помага во губење на вишок килограми и зголемување на енергијата.
Содржи здрави масти, есенцијални аминикиселини, калциум и магнезиум.

Посна руска салата

Посна руска салата

Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

Протеински бомбички од амарант
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Десерти

Протеински бомбички од амарант

Овие бомбички можете да ги користите наместо житарки со растително млеко, како слатка ужинка за деца или едноставно како десерт.

Путер од макадамија
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Путери

Путер од макадамија

Овој рецепт за путер е 100% природен и здрав.

Со макадамијата се прави неверојатно вкусен, кремаст путер кој има антивоспалитено дејство. Исто така содржи и мононезаситени масти , кои се слични со оние од маслиновото масло и авокадото.

Овој путер од макадамија слободно можете да го намачкате на живо лепче или да го измешате со какао и малку мед, за да би добиле чоколаден намаз.

Подмладувачки напиток - Режувелак

Подмладувачки напиток - Режувелак

Овој ферментиран напиток ќе ве подмлади, ќе ја надополни вашата енергија и ќе го обнови вашето здравје.

Морам да напоменам дека истиот  воопшто не е скап, лесно се прави, има освежителен вкус и е ПОЛН со прекрасни хранливи материи за вашето тело. Претставува здрав пробиотик, исто така има витамини Б, К и Е, протеини и ензими. Корисен е за вашиот дигестивен систем, поттикнувајќи здрава цревна флора. Исто така, претставува одличен стартер за живо сирење од јатки!

Постела од малини

Постела од малини

Освен што имаат прекрасен изглед и вкус, малините се познати и по тоа што се богати со хранливи материи. Содржат висока количина на антиоксиданти, полифеноли и антоцијанини. Антоцијанините се одговорни за нивната боја, а штитат од срцеви заболувања и деменција. Исто така, добри се зајакнување на вените и циркулаторниот систем.

Парфе - рецепт на Ирена Голомеиќ

Парфе - рецепт на Ирена Голомеиќ

Парфе е еден од неколкуте рецепти кои ни ги испрати Ирена Голомеиќ за наградниот предизивик „Гответе со нас“.

Пинаколада
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Шејкови

Пинаколада

Прекрасната пинаколада во жива варијанта.

Путер од кикирики - рецепт на Лилјана Давкова
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Путери

Путер од кикирики - рецепт на Лилјана Давкова

Путер од кикирики, еден од повеќето рецепти кои ни ги испрати Лилјана Давкова за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

Печена тиква

Печена тиква

Сурова, печена или варена... Без оглед на тоа како е подговена, тиквата е здрав есенски делкатес.

Полнети урми

Полнети урми

Урмите кои поради нивниот благ вкус може да служат како засладувач, се богати и со импресивна листа на есенцијални нутриенти, витамини и минерали кои се потребни за нормален раст, развој и општа благосостојба.

Перуанско зеленило

Перуанско зеленило

Фисалис (Physalis minima) е овошје кое со години се користело во ајурведската традиционалната медицина поради неговите здравствени придобивки. Најмногу е познато по неговите антиканцерни својства, но дејствува и како диуретик, лаксатив со антивоспалителни, антибактериски и антимикробни својства.

Подземно богатство

Подземно богатство

Цвеклото и морковот трационално се користат кај нас за подобрување на крвната слика, а освен тоа, морковот кој е богат извор на бета каротен е одличен за очното здравје, за убава кожа, против стареење и макуларна дегенарација.