а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Рецепти на с

Соле раствор

Соле раствор

     Кога се комбинираат хималајската кристална сол и водата, негативните полови од водените молекули  ги опкружуваат позитивните јони на солта, а негативните јони во солта се опкружени од позитивно поларизираните честички на водените молекули. Ова ја менува геометриската структура на водата и солта и создава нешто потполно ново, трета димензија.  Водата не е повеќе вода и солта не е повеќе сол.

Овој раствор е без микроби( или бактериолошки е чист) и може да се чува неограничено без менување или разложување.

Сок од ананас, боровинка и портокал

Сок од ананас, боровинка и портокал

Ананасот е егзотично овошје кое е вистински спој на здрави и корисни состојки. Ананасот е богат со ензими, витамини, минерали како на пример, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод, цинк, манган, провитамин А, витамини Е, Ц, витамини од групата Б, растителни влакна, ензим – бромелаин. Ананасот го јакне природниот имунитет на организмот, го поттикнува метаболизмот и позитивно делува и на заштита на организмот од штетното дејство на слободните радикали.Препорачуваме ананасот да се јаде свеж, бидејќи тогаш содржи најмногу лековити својства.

Супа од анасон и авокадо
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Супи

Супа од анасон и авокадо

Анасонот, основата на оваа жива супа, е богат со растителни влакна, витамин Ц, калиум и манган. Авокадото, пак, е одличен извор на здрави масти - омега-3 масни киселини. Со оваа супа, на одличен и вкусен начин ќе ги почувствувате нивните здравствени придобивки.

 

Салата со бричен аспарагус
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Салати

Салата со бричен аспарагус

Аспарагусот е повеќегодишно растение и еден од најстарите познати зеленчуци. Овој нискокалоричен зеленчук (има само 20кал во 100 гр)е исклучително богат со витамини како А, К, Б, Ц ,Е и фолна киселина, минерали како  железо, бакар, манган, калиум, цинк, магнезиум и селен и растителни влакна, но за жал кај нас во Македонија се користи многу малку или воопшто не се користи во исхраната.

Аспарагусот има низа здравствени придобивки и е одличен да се користи како детокс зеленчук, и на изненадување на многумина како афродизијак.

Сируп од млади зелени ореви и мед

Сируп од млади зелени ореви и мед

Богатите и лековити состојки од листовите, млади и зрели плодови и зелени лушпи од ореви (Juglans regia), се користат за лекување на многу болести уште од античките времиња, а нивната лековитост е потврдена и од страна на модерната медицина.

Супа виножито
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи

Супа виножито

Боите на виножитото оживеани  во оваа вкусна и хранлива супа без вешатчки конзерванси која лесно и брзо можете да ја направите во вашиот дом.

Сорбет од јагоди
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Десерти

Сорбет од јагоди

Вистинско освежување за топли, летни денови.

Сирење од бадеми
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Сирења

Сирење од бадеми

Доколку немате идеја што да правите со пулпата која ви останува од секојдневното цедење на бадемово млеко, еве ви еден вкусен рецепт за брзо приготвување.

Супа од тиква и компир

Супа од тиква и компир

Домашна супа со природни состојки без вештачки конзервански и скриена количина на сол со прекрасен вкус.

Супа од домати и компир
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи

Супа од домати и компир

Домашните супи, колку и да не изгледа така, воопшто не одземаат време и не се тешки за правње, а вкусот е незаменлив со која било супа од ќесичка. Исто така, нема да внесете скриена сол  и моно натриум глутамат кои ги има во готовите супи.

Сируп од мед и ѓумбир
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Зачини

Сируп од мед и ѓумбир

За лековитоста на медот знаеме сите, а и за ѓумбирот исто така, додека нивната комбинација претставува вистиски еликсир!

Се верува дека овој  сируп од ѓумбир и мед има антиоксидантни својства, а со тоа доаѓа и зголемување на имунитетот на организмот.

Исто така внесувањето на 2-3 лажички од овој сируп многу корисно за луѓе кои имаат слаб дигестивниот систем.

Слатко од смокви

Слатко од смокви

Иако во сурова варијанта, слатково од смокви има идентичен вкус со традиционалното.

Сок од магдонос

Сок од магдонос

Иако обично се употребува како украс или предјадење, додавањето магдонос во зелениот сок е паметна одлука. Магдоносот содржи уникатни етерични масла како што се миристицин, лимонен, еугенол и алфа-тујен. Се покажало дека етеричните масла, а особено миристицинот, го инхибираат формирањето на тумор, особено во белите дробови. Флавоноидите како што е лутеолин, се присутни во магдоносот и служат како антиоксиданти . Додавањето магдонос во зелениот сок освен што ќе му додаде вкус, дури може и да го намали ризикот од рак. Бонусот е тоа што вашиот здив ќе биде свеж.

Салеп

Салеп

Исцелителната моќ на салепот доаѓа од глукомананот кој ги лечи респираторните проблеми како бронхитис или кашлица. Го поттикнува срцето и умот, запира дијареа и го загрева телото. Посебно кога се конзумира со ѓумбир или цимет, ефектот се засилува. Освен што ги поседува овие лековити својства, за салепот се верува дека е и одличен афродизијак.

 

Свила во зелена боја

Свила во зелена боја

Кајсиите му даваат одличен шмек на овој зелен сок со спанаќ.

[12 3  >>