Брокулата е зелен зеленчук кој во минатото бил ретко застапен во нашата македонска кујна, но денес често може да се сретне во рецепти за салати, супи итн. Брокулата како растение преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки.