а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Овошни сокови

Детокс - ананас, портокал, полен и куркума

Детокс - ананас, портокал, полен и куркума

Curcuma Longa е латинското име на куркумата, се одликува со темно кафена кожа  и прекрасна портокалова внатрешност. Куркумата долго време се користи во кинеската и индиската медицина како моќно растение (корен) против широк спректар воспалителни процеси како подуеност, жолтица, менструални проблеми, крвава урина, крварење, забоболка, модринки, болки во градите итн.

Детокс - зелена јаболка, лимон и ѓумбир

Детокс - зелена јаболка, лимон и ѓумбир

 Ѓумбирот веќе долго време се користи како храна и како лек. Оваа билка е одличен лек против мачнини, абдоминална болка, крварење и реума.

Денес, ѓумбирот, како што истакнуваат научниците, е идеален лек против воспаление, оток и болки, но се користи и за да смири кашлица, зајакнување на имунолошкиот систем, спречува настинки и секако помага и во забрзување на метаболизмот.

Сок од ананас, боровинка и портокал

Сок од ананас, боровинка и портокал

Ананасот е егзотично овошје кое е вистински спој на здрави и корисни состојки. Ананасот е богат со ензими, витамини, минерали како на пример, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод, цинк, манган, провитамин А, витамини Е, Ц, витамини од групата Б, растителни влакна, ензим – бромелаин. Ананасот го јакне природниот имунитет на организмот, го поттикнува метаболизмот и позитивно делува и на заштита на организмот од штетното дејство на слободните радикали.Препорачуваме ананасот да се јаде свеж, бидејќи тогаш содржи најмногу лековити својства.

Детокс- ананас, мандарина, ѓумбир, јаболко

Детокс- ананас, мандарина, ѓумбир, јаболко

Ананасот е егзотично овошје кое е вистински спој на здрави и корисни состојки. Ананасот е богат со ензими, витамини, минерали како на пример, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод, цинк, манган, провитамин А, витамини Е, Ц, витамини од групата Б, растителни влакна, ензим – бромелаин. Ананасот го јакне природниот имунитет на организмот, го поттикнува метаболизмот и позитивно делува и на заштита на организмот од штетното дејство на слободните радикали.Препорачуваме ананасот да се јаде свеж, бидејќи тогаш содржи најмногу лековити својства.

Зелена убавина

Зелена убавина

Блитвата, основата на овој сок, како и другите зелени растенија има многу малку калории и масти, а е богата со хранливи материи како витамин Ц, витамин К, А и Б комплекс, минерали бакар, калциум, натриум, калиум, манган и фосфор. Редовното користење на блитва во исхраната помага во спречување остеопороза, анемија и недостиг на витамин А, исто така се верува дека заштитува од кардиоваскуларни заболувања и рак на дебело црево и простата.

Црвено освежување

Црвено освежување

Вишните, како и другите видови црвено овошје и зеленчук се богати со антоцијанини- фитохемикалии кои претставуваат моќни антиоксиданти, го намалуваат воспалението и го спречуваат растот на туморите. Вишните  влијаат на оддржување на здрава циркулација на крвта, го намалуваат крвниот притисок и се одлични за срцевото и мозочното здравје.

Сок од калинка

Сок од калинка

Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо.Во однос со другите сокови, виното како и зелениот чај, калинката односно нејзиниот сок, содржи најмногу антиоксиданти, конкретно 30 мл. сок од калинка содржи 3 пати повеќе антиоксиданси од 30 мл зелен чај или црвено вино.

Сок од калинка и јаболко

Сок од калинка и јаболко

Калинката со векови била употребувана како храна ,но и како лек од Божјата аптека, црвените зрнца на калинката многу потсетуваат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Тие се добар извор на антиоксиданти.

Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо.

Детокс - блитва, ѓумбир, јаболко и киви

Детокс - блитва, ѓумбир, јаболко и киви

Кивите се единствено овошје што го содржат ензимот  актинидин и тоа е она што ги прави толку посебни. Актинидинот, кој претставува ензим за разградување на протеини, ја стимулира дигестијата на храната.

Детокс - коријандер,јаболко, блитва и портокал

Детокс - коријандер,јаболко, блитва и портокал

Коријандерот е познат како одличен врзувач за тешките метали од организмот. Ова значи дека содржи состојки кои едноставно ги наоѓаат тешките метали во вашето тело, се врзуваат со нив и им помагаат да ги исфрлите од вашиот систем. Со други зборови, коријандерот е еден од најдобрите, ако не и најдобро детокс растение на земјата.

Детокс - куркума, круша, ананас и портокал

Детокс - куркума, круша, ананас и портокал

Куркумата има биберест, топол и малку горчлив вкус. Овој корен  е најдобро познат како една од состојките кои се користат да се направи кари, исто така е познат и како боја со која се обојуваат многу прехрамбени продукти, меѓу кои е и сенфот.

Curcuma Longa е латинското име на куркумата, се одликува со темно кафена кожа  и прекрасна портокалова внатрешност. Куркумата долго време се користи во кинеската и индиската медицина како моќно растение (корен) против широк спректар воспалителни процеси како подуеност, жолтица, менструални проблеми, крвава урина, крварење, забоболка, модринки, болки во градите итн, Куркумата традиционално се нарекува "индиски шафран", поради нејзината длабока жолто-портокалова боја, и користењето во текот на историјата како зачин, лек и текстилна боја.

 

Детокс - ѓумбир, грозје, јаболко и мандарина

Детокс - ѓумбир, грозје, јаболко и мандарина

Овој рецепт за сок од јаболко, грозје и мандарина е навистине освежителен. А кога дополнително ќе го зачините со ѓумбир, ќе добиете навистина единствен вкус.

Детокс - ѓумбир, црвена зелка, јаболко и портокал.

Детокс - ѓумбир, црвена зелка, јаболко и портокал.

Овој рецепт за сок од црвена зелка е потполно природен и супер здрав. Црвената зелка во комбинација со јаболка и ѓумбир е изненадувачки вкусна! Го зајакнува имунолошкиот систем, има невеорајтни својства против стареење и е богат со состојки кои се борци против ракот! Откако ќе го пробате овој сок, сигурни сме дека ќе стане вежен дел од вашата исхрана

Постела од малини

Постела од малини

Освен што имаат прекрасен изглед и вкус, малините се познати и по тоа што се богати со хранливи материи. Содржат висока количина на антиоксиданти, полифеноли и антоцијанини. Антоцијанините се одговорни за нивната боја, а штитат од срцеви заболувања и деменција. Исто така, добри се зајакнување на вените и циркулаторниот систем.

Есенско утро

Есенско утро

Основата на овој рецепт, тиквата и јапонските јаболка се есенски овошја со многукратни здравствени придобивки, а кога ќе ги споите  во еден кашест сок, ќе добиете вистинска нутритивна бомба.

[12  >>