а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Предјадења

Компир салата

Компир салата

Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.

Посна руска салата

Посна руска салата

Вистинско време  да ја подготвите оваа  салата е за време на пости и посни слави и да уживате во нејзиниот препознатлив вкус иако не содржи состојки од животинско потекло.

Едамам

Едамам

Едамам е всушност големи, млади зрна од соја, кои имаат неверојатно убав вкус.

Зелка салата со кикирики - рецепт на Лилјана Давкова
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Салати

Зелка салата со кикирики - рецепт на Лилјана Давкова

Зелка салата со кикирики, еден од рецептите кои ни ги испрати Лилјана Давкова за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

Ќофтиња од црвена леќа - рецепт на Лилјана Давкова

Ќофтиња од црвена леќа - рецепт на Лилјана Давкова

Ќофтиња од црвена леќа, еден од повеќето рецепти кои ни ги испрати Лилјана Давкова за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

Толчена сол со афион

Толчена сол со афион

Овој вкусен традиционален рецепт е карактеристичен за Радовишкиот регион, односно таму каде сеште се одгледува афионот.

Романеско супа

Романеско супа

Романеско карфиолот е добиен со вкрстување на брокулата и карфиолот, покрај тоа што е многу атрактивен за гледање, истиот е и многу вкусен за јадење.

Салата со шарен грав
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Салати

Салата со шарен грав

Сезоната на салатите кај нас трае 365 дена во годината, најчесто користиме сезонски локални намирници, ама понекогаш знаеме и да измешаме со нешто увозно.

Домашни печени семки од тиква

Домашни печени семки од тиква

Семките од тиква се одличен извор на цинк, но исто така изобилуваат и со други минерали како што се манган, фосфор, бакар,магнезиум, калиум, калциум, железо и витамин К и ниацин или витамин Б3.

Навистина одличен и првенствено здрав избор за грицкање.

Табуле салата
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Салати

Табуле салата

Табуле (табули) е традиционална салата од Блискиот Исток која се подготвува со  булгур односно кршена пченица. Нашата верзија е направена со просо поради неговите многубројни здравствени придобивки. Просото е една од ретките житарки која дејствува алкално на организмот и не содржи глутен. Освен одличниот вкус и текстура содржи  магнезиум, бакар, манган и фосфор. Во табуле салатата просото е споено со традиционалните состојки за табуле, магданос, нане, домати, кромид и лимон. Овие состојки дејствуваат синергетски да создадат вкусна салата која помага за детоксикација. Магданосот помага да се исфрлат канцерогените, нането помага при варењето, а лимонот го зајакнува имунилошкиот систем.

Розево рижото

Розево рижото

Уникатно, розево рижото за посебни моменти.

Супа од тиква и сладок компир
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи

Супа од тиква и сладок компир

Уште една домашна супа, богата со растителни влакна и со прекрасен вкус.

Крем супа со печурки
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи

Крем супа со печурки

Уште една домашна супа, супер брза и неверојатно вкусна.

Хумус

Хумус

Хумусот е традиционалнко макало од Блискиот Исток со единствен, пикантен вкус. Може да се конзумира индивидуално, како намаз во сендвичи, како додаток со главно јадење или како макало со зеленчук подготвен на пареа. Хумусот е добар извор на протеини, растителни влакна, омега-3 масни киселини, железо, манган и фолна киселина. Благодарение на неговата богата содржина на растителни влакна, добар е за намалување на холестеролот и за диети за намалување на килограмите.