Гвакамоли е макало направено од авокадо, коешто оригинално потекнува од Мексико. Името е изведено од два збора на Ацтеките – ahuacatl (авокадо) и molli (сос). Тајната за совршено гвакамоли е во користењето на добри, зрели авокада.
Мајонезот секогаш се наоѓа на врвот од листата калорични и нездрави јадења. Сега може да уживате во вкусот на мајонез, а без да правите компромиси со здравјто.