Бидејки кај нас во Македонија не може да се купи, а во многу од рецептите за десерти како состојка може да се сретне кокосов путер,решивме да го направиме сами.Испадна дури подобро од очекуваното...Евтин е, а и лесен за подготовка.
Богат со лауринска киселина која го зајакнува имунитетот и ги уништува штетните бактерии, вируси и габи.
Го забрзува метаболизмот кој помага во губење на вишок килограми и зголемување на енергијата.
Содржи здрави масти, есенцијални аминикиселини, калциум и магнезиум.