а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Растителни млека

Ајран од бадемово млеко - рецепт на Драгана Велковска

Ајран од бадемово млеко - рецепт на Драгана Велковска

Ајран од бадемово млеко е еден од неколкуте рецепти кои ни ги испрати Драгана Велковска за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

 
Бадемово млеко

Бадемово млеко

Бадемите се богати со витамин Е, калциум, магнезиум и калиум. Исто така, претставуваат значаен извор на протеини и растителни влакна, додека природно имаат мала количина на шеќери. Од сите јаткасти овошја, бадемите имаат највисока содржина на протеини, растителни влакна, калциум, витамин Е, рибофлавин и нијацин по тежина. Како и другите јатки содржат и масти, но тие се здрави незаситени масти.

Млеко од макадамија

Млеко од макадамија

Макадамијата е добар извор на протеини кои ги содржат сите есенцијални и некои неесенцијални аминокиселини. Исто така, содржи важни антиоксиданти, витамин Е и селен кои ја спречуваат штетата од слободните радикали во телото.

Млеко од лешник

Млеко од лешник

Неодоливо, вкусно, расително млеко!

Млеко од ореви

Млеко од ореви

Оревите се богати со протеини, витамини, омега-3 масни киселини, минерали во трагови...Тие се единствените јатки кои имаат значајна количина на алфа-линоленска киселина. Содржат голема количина на витамин Б6 и корисно количество на витамин Е во форма на токоферол. Исто така, добар извор се на манган, магнезиум, фосфор и железо.

Неодоливо, вкусно, расително млеко!

 

Млеко од семки од тиква

Млеко од семки од тиква

Само 50 гр. од овие семки содржат речиси половина од препорачаната дневна количина на магнезиум, кој учествува во многу витално значајни физиолошки функции вклучувајќи создавање на АТФ (аденозин трифосфат, енергетските молекули на телото), синтеза на РНК И ДНК, пумпањето на срцето, правилно формирање на коски и заби, опуштање на крвните садови и правилна функција на цревата.