Иако обично се употребува како украс или предјадење, додавањето магдонос во зелениот сок е паметна одлука. Магдоносот содржи уникатни етерични масла како што се миристицин, лимонен, еугенол и алфа-тујен. Се покажало дека етеричните масла, а особено миристицинот, го инхибираат формирањето на тумор, особено во белите дробови. Флавоноидите како што е лутеолин, се присутни во магдоносот и служат како антиоксиданти . Додавањето магдонос во зелениот сок освен што ќе му додаде вкус, дури може и да го намали ризикот од рак. Бонусот е тоа што вашиот здив ќе биде свеж.