Бадемово млеко

5.0/5 оценка (1 гласови)
Бадемово млеко

Состојки

  • 100 - 150 гр. бадеми претходно потопени во вода во времетраење од 24-48 часа, се лупат и се ставаат во блендер, па дополнувате со вода.
  • природен засладувач по вкус (урми, стевиа, јаворов сируп итн.)

Начин на подготовка

  1. Бадемите се богати со витамин Е, калциум, магнезиум и калиум. Исто така, претставуваат значаен извор на протеини и растителни влакна, додека природно имаат мала количина на шеќери. Од сите јаткасти овошја, бадемите имаат највисока содржина на протеини, растителни влакна, калциум, витамин Е, рибофлавин и нијацин по тежина. Како и другите јатки содржат и масти, но тие се здрави незаситени масти.

  2. Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди, со што добивате вкусно, здраво и посно млеко за пиење или готвење.


    Потоа содржината се процедува низ вреќичка за растително млеко или газа. Со тоа растителното млеко е готово.

  3. Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 1.8L растително млеко, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата.

    Доколку сакате да го заблажите млекото , додајте свежи излупени урми, мед или засладувач според ваш вкус.

  4. Напомена : Ние секогаш користиме македонски органски бадеми кои воопшто не изгледаат привлечно (како на првата слика погоре), меѓутоа кога ќе ги потопите во вода 24 часа, добиваат големина скоро иста како и увозните бадеми кои најчесто се напрскани со конзерванси.

    А за вкусот и да не зборуваме... едноставно неможете да ги споредите Smile

Коментари (7)

  • Tanja

    20 Јули 2013 u 08:18 |
    A kade gi nabavuvate ovie organski bademi? :)
    • Biljana Atanasov

      20 Јули 2013 u 12:32 |
      Тања, ги набавуваме од повеќе производители, кои немаат сертификат за органско производство, меѓутоа не ги третираат бадемите со пестициди. Впрочем затоа и имаат добра цена за истите. Доколку ви се потребни информации и контакт можете да ни пишете на info@somelikeitraw.mk . Поздрав
  • Pandora

    25 Јули 2013 u 23:07 |
    mnogu inspirativno ,cestitki do Vasata kujna
    Zainteresirana sum i jas za organski bademi i indiski orevi,dokolku postoi moznost
    • Milanka Petrova

      31 Август 2013 u 12:54 |
      Почитувана Пандора, како што пишавме погоре, бадемите ги набавуваме од повеќе производители, кои немаат сертификат за органско производство, меѓутоа не ги третираат бадемите со пестициди. Доколку сакате контакт број можете да ни пишете на info@somelikeitraw.mk . Поздрав!
  • PeterAlatt

    08 Јануари 2017 u 15:41 |
    generic noroxin cialis diclofenac sodium ec 75 mg levlen crestor dostinex abilify phenergan vc
  • AlfredSoppy

    11 Јануари 2017 u 06:13 |
    ordering difflucan how much does permethrin cost generic cymbalta pfizer viagra online pharmacy amitriptyline noroxin synthroid cipro
  • MichaelEmuch

    11 Јануари 2017 u 21:16 |
    toprol xl 25 viagra atarax vermox online zetia cancer buy prednisone

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.