Банана торта

Состојки
- За кора:
- 130 гр. брашно од бадеми
- 7-8 излупени урми или друг засладувач по вкус
- 50 мл стопен кокосов путер или масло
- прстофат сол
- За слојот со банани:
- 2 банани во парчиња
- За слојот со ванила сладолед:
- 200 гр. сурови индиски ореви, потопени во вода 2 часа
- 100 гр. кокосови снегулки
- 100 мл филтрирана вода или по потреба
- 50 мл јаворов сируп
- 2 лаж. ванила екстракт или 1/2 ванила
- 1/2 лажичка хималајска сол
- 3 лажици стопено кокосово масло
- За чоколадниот прелив:
- 50 мл кокосово масло
- 2 лажици какао
- јаворов сируп по вкус
- Изборно:
- Малини, јагоди, цреши
Начин на подготовка
Ставете го бадемовото брашно во голема, длабока чинија со урмите, кокосовото масло и хималајската сол. Добро измешајте.
Добиената смеса ставете ја во калап за торта од 22 цм или во повеќе помали модли за колачи.
Наредете ги парчињата банана врз добиената кора.
Направете го сладоледот од ванила со блендирање на индиските ореви, кокосовите снегулки, водата, јаворовиот сируп, ванилата и солта додека не се добие кремаста смеса. Додадете го и стопеното кокосово масло и изблендирајт
е кратко уште еднаш.
Истурете ја смесата врз слојот од банани и ставете ја тортата во замрзнувач најмалку 5 часа.
Пресечете на коцки, ставете чоколаден прелив и украсете со парче овошје.
Оригиналниот рецепт од: http://mylivingnutrition.com.
Коментари (5)
ashunkxgq4no
AlfredSoppy
AlfredSoppy
AaronLaupt
CharlesSmabe