Банила сладолед

4.7/5 оценка (3 гласови)
  • Порции: 3
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Десерти
Банила сладолед

Состојки

  • 3 замрзнати банани (-18 до -24 степени)
  • 100 мл млеко од лешници
  • 5 излупени урми (или засладувач по ваш вкус)
  • семе од ½ ванилa

Начин на подготовка

  1. Бананите се кршат на половина и се додават заедно со другите состојки во садот на блендерот. Се вклучува блендерот, потоа брзо го вртите кружното копче од 1 до 10, па вклучувате на турбо брзина.

  2. Со помош на тамперот (долгата рачка), кој се става преку малиот отвор на капакот од садот, го потпомагате миксирањето се додека не добиете хомогена кремаста структура.

  3. Сладоледот е готов кога ќе се формираат 4 идентични ритчиња (гледајќи одозгора).

    Забелешка – Ќе ви биде потребен блендер со високи перформанси (high speed blender) како што е Витамикс, за да го добиете вистинскиот вкус, кремаста и мазна структура.

Коментари (9)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.