Богата зеленчукова супа

5.0/5 оценка (3 гласови)
  • Порции: 5
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи
Богата зеленчукова супа

Состојки

  • 5 моркови
  • 200 гр прокељ
  • 1/2 брокула
  • 1/2 карфиол
  • 2 компира
  • 1/2 црвена пиперка ( исецкана на стапчиња)
  • 4 листа црвена зелка ( исечкана)
  • 1/2 исечкан праз
  • 2 големи лажици домашна вегета
  • хималајска сол по вкус
  • 2 лажици пченкарно брашно

Начин на подготовка

  1. Најпрво сварете ги компирот, празот, карфиолот и морковот.

  2. Пред да бидат готови зеленчуците, ставете ги двете лажици пченкарно брашно во чаша и дополнете со ладна вода. Убаво размешајте за да не останат грутчиња, па вака подготвеното брашно истурете го во супата.

  3. Откако ќе бидат готови другите зеленчуци, додадете ги и прокељот, зелката, пиперката, брокулата и домашната вегета.

  4. Со ова супата е веќе готова, ставете ја во чинија,  и декорирајте со малку исечкан магдонос.

Коментари (2)

  • ashunkj0ht1w

    14 Декември 2016 u 23:05 |
    amitriptyline online augmentin xr
  • PeterAlatt

    10 Јануари 2017 u 23:26 |
    vardenafil generic cost of zetia 10 mg retin-a Neurontin vardenafil buy ampicillin metformin hydrochloride 500 mg amoxicillin prescription minocycline

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.