Божествен напиток

Состојки
- 5 зрели јапонски јаболка
- 1,3 л млеко од лешник
- семе од 1/2 ванила стапче
- 1/4 лажичка кардамом
Начин на подготовка
Јапонското јаболко, основата на овој шејк, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.
Рецептот за млекото од лешници можете да го видите овде. Јапонските јаболка се лупат и се ставаат во блендерот Vitamix, во садот за влажна обработка, заедно со млекото од лешник, ванилата и кардамомот.
Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди.
Откога добро ќе се измешаат состојките, исклучете го блендерот и овој вкусен напиток е готов за послужување. Уживајте!
Коментари (4)
ashunkv6s9nt
AaronLaupt
KennethTut
RobertWrids