Чоколадна мини торта

Состојки
- ЧОКОЛАДНА КОРА:
- 130 гр мелени ореви
- 7-8 свежи урми
- 2 големи лаж. какао во прав
- прстофат хималајска сол
- Семе од половина ванила
- ЧОКОЛАДЕН КРЕМ:
- 260 гр индиски ореви
- 80 гр масло од кокос
- 80 мл вода
- 80 гр јаворов сируп
- семе од 1/2 ванила
- 2 мали лажички мед (или засладувач по ваш вкус)
- 3-4 мали лажички какао
- ЧОКОЛАДЕН СЛОЈ:
- 50 гр какао путер
- 1 голема лажица какао
- 30 мл јаворов сируп
Начин на подготовка
ЧОКОЛАДНА КОРА: Ставете ги сите состојки во процесор за храна Magimix , вклучете го и нека работи додека не се добие изедначена смеса. Состојките за кората треба да се малку лепливи за да се држат заедно.
ЧОКОЛАДЕН КРЕМ: Ставете ги индиските ореви, кокосовото масло, јаворовиот сируп и водата во Vitamix машината. Прво вклучете го на променлива брзина и зголемете ја од 1 до 10, а потоа вклучете го на максимална брзина. Со помош на Тамперот низ отворот од малото капаче овозможете добра обработка. Блендирајте додека да стане хомогена смеса.
Додадете го медот и какаото низ малиот отвор додека блендерот работи и блендирајте сè додека да се направи густа и многу мазна кремаста структура.
Со тоа веќе е готов перфектниот чоколден крем од сурови состојки.ЧОКОЛАДЕН СЛОЈ: Истопете го какао путерот на пареа и додадете го какаото и јаворовиот сируп
Земете ја мини модлата за торта и нанесете слој од чоколадната кора. Притиснете со прстите за кората да биде прицврстена на модлата.
Потоа додадете го чоколадниот крем врз кората во модлите, додадете го чоколадниот слој врз кремот, па ставете ги во замрзнувач за да се зацврстат. После приближно 5-8 часа мини тортичките се зацврстени и можат да се извадат од модлите за послужување. Се украсуваат со парче орев. Останатите мини тортички можат да стојат во модли во замрзнувач и по потреба да се вадат за послужување. Пред послужување, потребно е да стојат на собна температура 20-30 минути.
Забелешка – Ќе ви биде потребен блендер со високи перформанси (high speed blender) како што е Витамикс, за да го добиете вистинскиот вкус и кремастата и мазна структура.
Коментари (6)
ashunky1byn5
MichaelEmuch
KennethTut
PeterAlatt
TracyCib
PeterAlatt