Чоколадно срце

5.0/5 оценка (1 гласови)
  • Порции: 8
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Десерти
Чоколадно срце

Состојки

  • 125 гр мелен рогач
  • 100 гр какао путер
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажичка интегрален таан
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици какао во прав

Начин на подготовка

  1. Најпрво го ставате какао путерот заедно со кокосовото масло во двоен сад да се истопат  на пареа.

  2. Потоа измешајте ги сите состојки заедно се додека не се добие хомеогена смеса.

  3. Додека путерот да се стврдне, почнете да ја ставате смесата во специјални силиконски модли во форма на срце или пак силиконски калапи за лед.

  4. Ставете ги во фрижидер или замрзнувач за да се стврднат.

  5. Со тоа чоколадните срциња се веќе готови, можете да ги извадите од модлите и да ги наредите на соодветна чинија.

Коментари (3)

  • Stefanija

    05 Февруари 2014 u 17:50 |
    od kade da najdime kako puter i dali mozi da se zameni so nesto ? pozz :)
    • Milanka Petrova

      06 Февруари 2014 u 00:09 |
      Стефанија,
      Какао путер може да се најде во продавниците за органска храна во Скопје, можеби можете да ставете повеќе кокосово масло наместо путерот само тогаш колачињата брзо ќе се топат на собна температура. Поздрав!
  • AaronLaupt

    04 Јануари 2017 u 11:22 |
    albenza cost clindamycin 150mg trazodone

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.