Чорба од зелена леќа

3.7/5 оценка (3 гласови)
Чорба од зелена леќа

Состојки

  • 300 гр зелена леќа
  • 2 главици кромид (ситно сецкани)
  • 1 главица праз (сецкан)
  • 1 компир средна големина
  • 2 суви пиперки
  • 1 лажица домашна вегета
  • 300 мл сос од домати ( може и сок)
  • 5 моркови исечени на тркалца
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка сув мајоран (може и оригано)
  • хималајска сол по вкус

Начин на подготовка

  1. Зелената леќа кога е неварена изгледа како на сликата. Темно зелена боја со нерамномерни црни точки. Вкусот е неспоредливо подобар и од обичната и од црвената леќа.

    Користиме тенџере кое собира барем 3,5 литри вода, за да не мораме да додаваме вода дополнително. Ја оставаме водата да зоврие.

  2. Потоа се додава леќата, кромидот, празот,компирот, пиперките, домашната вегета и морковите.

  3. После 30 - 40 минути леќата би требало да биде убаво сварена.

  4. Ги вадиме сувите пиперки и компирот. Компирот се пасира, додека сувите пиперки убаво се чистат од лушпата, се сечкаат во процесор за храна и заедно со компирот пак ги враќаме во тенџерето.

  5. Ги додаваме зачините и лукот, па го тргаме тенџерето на страна од оган.

  6. Јадењето би требало да биде готово за околку 40-45 минути.

    Добар апетит

Коментари (2)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.