Дехидрирани розеви домати

5.0/5 оценка (1 гласови)
Дехидрирани розеви домати

Состојки

  • Розеви домати по ваш избор

Начин на подготовка

  1. Дојде време да складираме храна за во зима!

    Овде не се работи за тоа дали можете да си купите свеж домат во зима, туку идејата ни е да ги зачуваме овие вкусни,органски и меснати домати, растени на летното сонце и да уживаме во нивниот вкус во текот на зимата.

    Секако ќе речете дека има да се купи и сушен домат по маркетите! Но, не е сеедно кога вие самите ќе си си изберете доматите, ќе ги измиете, исчистите итн.

     

  2. Постапката не е воопшто тешка или комплицирана.

    Едноставно исечкајте ги доматите на кругови со дебелина од 1 см и ставете ги во дехидратор на 41 до 46 степени целзиусови.

    Повремено проверувајте ги, кога ќе видите дека се 80% исушени , превртете ги на другата страна.

    На крај ќе ги добиете овие прекрасни црвени кругчиња кои се рехидрираат за околу 10тина минути.

  3. Напомена: Има два важни елементи кога се дехидрира живата храна за да се зачуват ензимите. Првиот елемент е правилна контрола на температурата и второ е времето кое е потребно за да се дехидрира храната. Ако температурата е превисока, ензимите можат да бидат уништени, но ако температурата е прениска, на храната ќе и’ е потребно повеќе време да се исуши, предизвикувајќи да се расипе или да се појават бактерии.

  4. Што со отпадот? Ни останаа 2,4 килограми отпад, па решивме да ги ставиме во соковникот односно незаменливиот Hurom, за да се освежиме со чаша сок од домати после работата. (Рецептот за сокот можете да го видите тука.)

    Овојпат Hurom ги надмина сите наши очекувања!

    Од отпадот што тежеше 2,4 килограми, добивме 2.15 килограми сок, и 350 грама вистински отпад.

    Едноставно неверојатно ! 

Коментари (10)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.