Детокс- ананас, мандарина, ѓумбир, јаболко

5.0/5 оценка (1 гласови)
Детокс- ананас, мандарина, ѓумбир, јаболко

Состојки

  • 1 ананас
  • 8 јаболки средни
  • 8 мандарини
  • 50 гр ѓумбир

Начин на подготовка

  1. Ананасот е егзотично овошје кое е вистински спој на здрави и корисни состојки. Ананасот е богат со ензими, витамини, минерали како на пример, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод, цинк, манган, провитамин А, витамини Е, Ц, витамини од групата Б, растителни влакна, ензим – бромелаин. Ананасот го јакне природниот имунитет на организмот, го поттикнува метаболизмот и позитивно делува и на заштита на организмот од штетното дејство на слободните радикали.Препорачуваме ананасот да се јаде свеж, бидејќи тогаш содржи најмногу лековити својства.

    Го лупиме ананасот и го ставаме Hurom соковникот да се цеди. Потоа ги додаваме и јаболката. Ако се третирани со пестициди, се препорачува да се излупат. Во овој случај се нетретирани, па ги ставаме нелупени.

  2. Потоа, ги додаваме лупените мандарини и ѓумбирот. Додека работи соковникот на крај додаваме околку 10-20% вода во соковникот за да се исчисти истиот и за да се разреди сокот.

  3. Користиме Hurom Slow Juicer преку кој добиваме значително ПОВЕЌЕ сок, a ПОМАЛКУ отпад од истата количина овошје, има подобар вкус, не оксидира и не се одделува сокот од пулпата.

    На здравје!

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.