Детокс - ананас, портокал, полен и куркума

Состојки
- 400 гр ананас (свеж или смрзнат)
- 400 мл сок од портокал(мандарина)
- 1/2 банана
- 2см корен од куркума
- 1 лажичка полен
- 10 урми или додадете засладувач според ваш вкус
Начин на подготовка
Куркумата има биберест, топол и малку горчлив вкус. Овој корен е најдобро познат како една од состојките кои се користат да се направи кари, исто така е познат и како боја со која се обојуваат многу прехрамбени продукти, меѓу кои е и сенфот.
Curcuma Longa е латинското име на куркумата, се одликува со темно кафена кожа и прекрасна портокалова внатрешност. Куркумата долго време се користи во кинеската и индиската медицина како моќно растение (корен) против широк спректар воспалителни процеси како подуеност, жолтица, менструални проблеми, крвава урина, крварење, забоболка, модринки, болки во градите итн, Куркумата традиционално се нарекува "индиски шафран", поради нејзината длабока жолто-портокалова боја, и користењето во текот на историјата како зачин, лек и текстилна боја.
Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).
Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди
Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 5-10 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот.
Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L детокс сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот.
Коментари (13)
lidija
ashunkyw5k94
ashunkd3ck7r
ashunkomr9r5
ashunklicbb4
ashunkk4jci1
ashunkbwpayl
ashunkpwvb75
MichaelEmuch
MichaelEmuch
TracyCib
EugenevaH
TracyCib