Детокс - блитва, ѓумбир, јаболко и киви

5.0/5 оценка (2 гласови)
Детокс - блитва, ѓумбир, јаболко и киви

Состојки

  • 200 гр свеж ѓумбир
  • 1 кг јаболки
  • 500 гр киви
  • 5 листа блитва

Начин на подготовка

  1. Кивите се единствено овошје што го содржат ензимот  актинидин и тоа е она што ги прави толку посебни. Актинидинот, кој претставува ензим за разградување на протеини, ја стимулира дигестијата на храната.

  2. Најпрво се отсранува лушпата од кивите, се лупат јаболката ако се третирани со пестициди.

    Во нашиот случај, јаболките се нетретирани, и ги ставаме да се цедат заедно со кората и семките.

    Се цедат и останатите зеленчуци.

    Користиме Hurom slow juicer преку кој добиваме значително ПОВЕЌЕ сок, a ПОМАЛКУ отпад од истата количина овошје, има подобар вкус, не оксидира и не се одделува сокот од пулпата.

     

  3. Додека работи соковникот на крај додаваме околку 10-20% вода во соковникот за да се исчисти истиот и за да се разреди сокот.

    Напомена: Природните сокови се едноставни за правење, благодетите кои тие ги овозоможуваат на луѓето се многу корисни за здравјето и му даваат сила и енергија на организмот. Тие треба да се пијат веднаш по подготвувањето бидејќи уште по неколку минути доаѓа до оксидација, што значително ја намалува нивната вредност.

     

Коментари (2)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.